Меркел за коронавирусот:Вака веќе не може,немам добро претчувство

Во вториот бран на пандемијата во голем број земји, бројот на новоинфицирани е толку голем што сè уште е тешко да се утврди индивидуалниот извор на инфекција. Во Германија има 8.658 нови случаи, во Франција над 50.000.

На врвот на листата сè уште се САД со скоро 60.000 нови инфекции во последните 24 часа. Но, со оглед на големината и популацијата, многу полошо е во Франција, каде што бројот за прв пат надмина 50.000 нови случаи - и убедливо: здравствените служби сметаат на најмалку 52.010 случаи (26 октомври во 18 часот). Сè уште е многу тешко во Италија, Шпанија, Белгија ..., пишува Дојче веле.

Голем број земји вовеле нови, уште построги регулативи: во Словенија, од денес, на граѓаните не им е дозволено да ја напуштаат својата област без валидна причина, во Италија, угостителите мора да ги затворат вратите уште во 18 часот. Повеќето средношколци сè уште имаат само виртуелна настава, а во Словачка ова важи за сите ученици над 5 одделение. Во Данска не смее да се собираат повеќе од 10 лица на исто место, во Брисел е задолжително да се носи маска и полицискиот час се воведува по 22 часот. Шпанија вчера прогласи вонредна состојба за да дозволи ноќна забрана, а владата најавува дека вонредната состојба може да трае до мај. Забрането е и ноќното движење во 54 оддели на Франција, што опфаќа околу две третини од населението - околу 46 милиони луѓе.

Во Германија, оваа сабота е постигнат рекорд со 14.714 новозаболени, а денешните 8.658 случаи се типични бидејќи во понеделниците секогаш има помалку новорегистрирани заразени.

Вчера германската канцеларка Ангела Меркел одржа состанок со нејзините партиски лидери од сите провинции и ги предупреди дека „нè очекуваат многу многу тешки месеци“. Појдовна точка е дека бројот на новоинфицирани ќе продолжи да расте и дека нема да има поголеми настани барем до февруари. Оваа недела се одржува конференција на владите на сите германски покраини, на која ќе се дискутира за моменталната состојба, а Меркел за Билд изјави дека „нема добро претчувство“ за тоа што сè уште не чека. „Не може повеќе на тој начин“, рече канцеларката.

Како прво, на состанокот на покраинските лидери се очекува договор за мерките за борба против пандемијата. Со оглед на тоа што за мерките се одговорни покраините, ова неизбежно води кон огромен број регулативи и правила. "Потребен ни е единствен список на мерки. Граѓаните сакаат транспарентност, тие сакаат да знаат што значи кога нивната област е прогласена за црвена, жолта или зелена", рече Тобијас Ханс, премиер на сојузната држава Зарланд.

Се поставува и прашањето за наставата во училиштата: и покрај заедничката идеја дека децата не ја шират инфекцијата, претседателот на Германското здружение на наставници Ханс-Петер Мејдингер предупредува дека училиштата можат да имаат многу поголемо влијание врз ширењето на вирусот отколку што се сметало порано. „Образованието во Германија е најголемиот дневен масовен настан со над 10 милиони учесници. Овде советувам огромна претпазливост“.

Викендов Ангела Меркел уште еднаш предупреди дека сегашните околности бараат ограничување на социјалните контакти и усогласеност со прописите. Дали ова ќе значи и карантин во Германија? Некои политичари, како што е Карл Лаутербах (СПД), се залагаат за „многу кратко, временски ограничено делумно блокирање“ затоа што сега е последниот момент да се направи нешто за да се задржи бројот на новоинфицирани.

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

Награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм за „Бизнисот на задоволството“

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД.

Фестивалот што се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух.

Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона.

- Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека како автор сум горд што добивме награда овде, и тоа во конкуренција со американски филмови со многу поголеми буџети. Едвај чекам да завршиме со оваа светска фестивалска турнеја и во септември да го презентираме пред нашата публика. Очекувам филмот да отвори теми за дискусија на повеќе нивоа, но пред се‘ сакам да го продолжиме трендот од последниве години, во кој на домашните гледачи им се враќа довербата и желбата да гледаат македонски филмови, вели Цветановски.

„Бизнисот на задоволството“ досега доби осум награди на филмските фестивали низ светот, од кои пет се за најдобар долгометражен филм.

Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм. /МИА

притисни ентер