Меркел се тестираше на коронавирус, останува во карантин

Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска по вторпат беше тестирана за коронавирус и резултатот е негативен , но останува во карантин барем до следната недела.

„Германската канцеларка сè уште работи од домашен карантин и ќе биде тестирана за коронавирус уште еднаш до почетокот на следната недела“, изјави денеска портпаролот на германската влада.

Како што е соопштено, Меркел ги извршува своите должности од дома. Таа е предвидено утре да присуствува на две видео конференции: прво со шефовите на држави и владите на земјите од г-20 и потоа со шефовите на државите на европската унија. Тема на двата разговори ќе биде борбата против пандемијата на коронавирус.

притисни ентер