МЕПСО и Синенс Сискон ќе ја ревитализираат трафостаницата „Дуброво“

АД МЕПСО и конзорциумот Сименс Сискон потпишаа договор за ревитализација на 400/110 киловолтната трафостаница „Дуброво“ за целосна замена на примарната високонапонска и секундарната опрема на трафостаницата, што е стара 40 години.

Вредноста на договорот е 4,6 милиони евра. ревитализацијата на трафостаницата „Дуброво“ ќе трае три години, а работите се очекува да почнат на почетокот на идната година.


Османи : Ги повикуваме сите албански партии да се обединиме за прв премиер Албанец

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Бујар Османи рече дека тие ќе бидат решавачки фактор.

Османи ги повика сите албански партии постизборно да се обединат за да добијат прв премиер Албанец. Тој вели дека Албанците се клучен фактор на овие избори и да се обединат околу концептот за прв премеир Албанец.

Затворени гласачките места

Во  21 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Македонија можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На денешните десети парламентарни избори, а петти предвремени избори право на глас имаа 1.814.263 граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираат во состојба на пандемија на коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е три дена, а денешниот изборен ден трае два часа повеќе од вообичаеното и е прогласен за неработен.

Избирачките места во шесте изборни единици беа отворени во 7:00 часот, а гласањето заврши во 21 часот. Се гласаше за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имаат 1.578 кандидати. Од нив, според статистиката на ДИК, 675 (42,78 отсто) се жени, а 903 (57,22 отсто) се мажи.

Денешниот изборен ден, според претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски помина мирно, со мали, спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес.

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти.

Сите вклучени во процесот и граѓаните кои одеа на гласање задолжително мораа да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, а тоа се носење маска, држење растојание од метар до метар и половина, дезинфекција на раце при влез и при изле од гласачкото место.

Освен спецификата поврзана со коронавирусот, на овие избори првпат е дозволено да гласаат и лицата кои до 15 јули наполниле 18 години и се со важечки документи и не се организира гласање во дијаспората бидејќи немаше доволен број пријавени македонски државјани за гласање. Сепак, овие лица доколку беа во земјата денеска можеа да гласаат на избирачките места на адресата на која што се пријавени.

Вчера гласаа болните, немоќните и хронично болните лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старските домови. Според податоците од ДИК, вчера вкупно 7.861 болни и немоќни лица го оствариле правото на глас. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено поправни установи 1.235 лица.

Гласањето за овие избори почна во понеделникот, кога гласаа лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Правото на глас го искористиле 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација.

Од гласањето во понеделникот и вчера ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата кои се наоѓаат во гласачките кутии до денот на изборите, односно до завршување на гласањето.

Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.

Предвремените парламентарни избори во Македонија беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавируот и вонредната состојба беа одложени со Уредба со законска сила и одлука на ДИК. Потоа во договор меѓу политичките партии беше избран датумот 15 јули.

Изборите се одржуваат во ситуацијата кога во земјата недели наназад има троцифрени бројки на позитивни со коронавирусот. Но, Македонија е без Парламент од февруари година, а ја предводи техничка влада чија првенствена задача, според Пржинскиот договор, требаше да биде организирање фер и демократски избори.

Денешните предвремени парламентарни избори во Македонија ги следеа 2.709 домашни и странски набљудувачи. За изборите известуваа 57 странски новинари од 15 медиумски куќи, акредитирани од ДИК./МИА

Отворено студио на Канал 5: Немаше изборни прекршувања

Во Отвореното студио од 21 часот, кое го води Гоце Михајлоски, гостите Зоран Димитровски и Бранко Героски се согласни дека немало нерегуларности на изборниот ден.

Героски рече дека денот поминал мирен со релативно висока излезност. Димитровски пак додаде дека пандемијата влијаела на излезноста.Тој додаде дека има солидна излезност, но не се знае кому му оди во прилог.

Димитровски вели дека во регионот, каде што се одржувале избори, излезноста одела во корист на владејачките партии.

Героски вели дека предвидел тесен резултат, а смета дека разликата ќе биде изедначена со еден до два пратеника предност, но победува онаа партија што во периодов успеала да го мобилизира верното гласачко тело.

притисни ентер