Мендух Тачи: Три големи мерки за надминување на состојбата со пандемијата по завршување на изборите

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вечерва оствари средби со граѓани во повеќе населени места во општина Брвеница. 

Тој порача дека е важно да се спроведат три големи мерки за надминување на состојбата со пандемијата по завршување на изборите.

-Мерки за справување со Ковид-19 се потребни во клиничката болница во Тетово која мора да добие барем 1 милион евра за да функционира како универзитетска клиничка болница и да го штити здравјето на Албанците. Секој член на семејство треба да добие по 100 евра итна помош за надминување на последиците од кризата. И трето, да се помогне секој од таксист и келнер, до големите бизнис, со помалку процедури, изјави Мендух Тачи во Челопек.

Тој истакна дека лесно е да се избере ДПА на изборите.

-Овие избори се важни, тоа е војна за слобода без оружје за рамноправност. Излезете од дома, понесете маска и пенкало, одете на избирачко место. Заокружете број 1 Мендух Тачи, Господ помогна да бидеме први на листата, истакна Тачи.

Пред присутните зборуваа и останатите кандидати за пратеници од општина Брвеница./MИА

Папата Франциск во Ирак се сретна со шиитскиот духовен лидер

Како дел од неговата прва посета на Ирак, денеска папата Францис се состана со големиот ајатолах Али Систани, врховен верски водач на шиитите и апелира на важноста на одржливиот соживот во земјата опустошена од насилство и секташки конфликти.

Средбата на папата Франциско и Али Систани во светиот град Наџаф за време на ризичната турнеја на папата во Ирак, претставува прва и историска средба на папа и највисок шиитски духовен водач. Државната телевизија Ехбарија го покажа големиот конвој на Папата како се движи низ Наџаф, додека децата стојат покрај патот веејќи со ирачки и ватикански знамиња, пренесува Ројтерс.

По 55-минутната средба со Систани, папата Франциско се упати кон урнатините на древниот град Ур, кој се смета за роден град на Абрахам, татко на јудаизмот, христијанството и исламот, каде треба да одржи говор на меѓуверскиот состанок. После тоа, Папата ќе се врати во Багдад, каде што ќе ја води мисата во катедралата Свети Јосиф.

Систани е една од најважните фигури во шиитскиот ислам, како во Ирак, така и на други места во светот. 90-годишниот Систани ретко одржува состаноци и одбива да разговара со ирачките сегашни и поранешни премиери, велат блиски официјални лица. Систани се согласил да се сретне со папата, но без присуство на ирачки официјални лица, изјавил извор од претседателскиот кабинет.

Средбата со Франциск се одржа во скромниот дом на Систани во Наџаф, каде што престојува со децении.

Систани, кој претставува митски водач кај милиони шиитски следбеници, интервенирал за време на критичните ситуации во Ирак, кога земјата премина од една во друга криза.

Патнички авион принудно слета во САД - повторно проблеми со Боинг 737

Компанијата „Американ ерлајнс“ вчера објави дека Боинг 737 МАКС кој летал од Мајами до Њу Џерси бил итно приземјен откако капетанот исклучил еден од моторите поради можен технички дефект.

Авионот на летот број 2555 од Мајами со 95 патници и шест члена на екипажот безбедно слетал на аеродромот во Њуарк без инциденти, објави авиокомпанијата.

Евентуалниот дефект е поврзана со индикаторот за притисок или волумен на маслото во моторот и не е резултат на ништо поврзано со системот MCAS, кој претходно беше поврзан со две уривања на авиони 737 MAX во 2018 и 2019 година, поради што на овие авиони им беше забрането да летаат 20 месеци. Федералната агенција за авијација (ФАА) е известена за случајот и ќе испита за што точно станува збор.

Американ ерлајнс е прва американска авиокомпанија која ги врати авионите 737 MAX кон крајот на минатата година по одобрувањето на FAA.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатено во лага, Мицкоски повторно е поразен

Владата предводена од СДСМ има стабилно парламентарно мнозинство, што се покажа со гласањето доверба во Собранието, се наведува вбо партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатено во лаги дека само што не направиле ново парламентарно мнозинство, дека Владата ќе падне, дека губитникот Мицкоски ќе стане премиер.

Лагите на Мицкоски за некакво ново мнозинство се наменети исклучиво за негови внатрешни партиски потреби, за борбата за превласт во „Белата палата".

Колку повеќе Мицкоски е загрозен внатре во партијата, толку повеќе неговите пратеници ја опструираат работата во парламентот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци не влегуваат во салата кога се одржуваат седници со цел да не се исполни кворумот за работа. Преку комисиите со кои претседаваат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го кочат носењето на важни закони во интерес на граѓаните и државата.

Сето тоа им се удри од глава на седницата на која беше изгласана доверба на Владата. Разбиена е фатаморганата на Мицкоски, потонати се лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

Со опструкциите не постигнуваат ништо, освен што им нанесуваат штета на граѓаните и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да научат нешто од овој пораз.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како одговорно парламентарно мнозинство, продолжува да носи законски решенија важни за граѓаните и за иднината на нашата држава.

притисни ентер