Мемети: Не може да се подобри правосудниот систем само со промена на закон

Не може да се подобри правосудниот систем само со промена на закон, оцени Народниот правобранител на Македонија, Иџет Мемети, на денешниот состанок на мрежата на националните превентивни механизми на југоисточна Европа.

Расте бројот на заразени со коронавирус во Австрија

Во последните 24 часа, 94 новозаразени коронавируси се регистрирани во Австрија.

Како скоро секој ден во последните десет дена, најголем број новозаболени се регистрирани во провинцијата Горна Австрија -45, а потоа следува Виена со 34 нови случаи.

Во последните 24 часа, само една од деветте покраини, Стирија, немала ниту едно ново заразено лице.Според Министерството за здравство, во моментов има 1.100 активни пациенти во Австрија.

Бројот на хоспитализирани се зголемил за двајца на 80, од ​​кои девет се на интензивна нега, за три помалку од вчера.

Бројот на починати со денови не се менува ,706.Од почетокот на епидемијата, на крајот на февруари, 18.637 луѓе во Австрија се позитивно тестирани за вирусот, од кои 16.808 се опоравени.

Досега биле спроведени 675.000 тестови за корона низ цела Австрија.Покрај тоа, започнала „програма за скрининг“ за да се анализира состојбата во секторите со висок ризик.

Од 2.744 тестови направени досега за асимптоматски инфекции, само 10 се позитивни на корона.

Шахпаска: На 15 Јули гласајте за СДСМ и сигурност

Од одлуката на секој од нас, зависи во каква земја ќе избереме да живееме и каква иднина ќе избереме за нас, нашите блиски, нашите деца.

Дали ќе избереме да продолжат да растат платите или да се полнат џебовите на луѓето на Груевски?

Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски?

Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија?

Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад!

Затоа, е важно да се гласа. Затоа што се носат големи одлуки!

Ве уверуваме - гласањето ќе биде безбедно. Со почитувањето на сите протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, гласањето на 15 јули ќе биде безбедно!

Почитувани,

Знаеме дека можевме и подобро. Знаеме дека направивме и грешки.

Но, секоја наша грешка, ни ја посочувавте гласно, демократски, а ние ве слушавме и реагиравме. Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме.

Ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ.

Останувањето дома, значи и враќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Негласањето носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно.

Се докажа и покажа дека со Зоран Заев и СДСМ, одиме напред во сигурна иднина, со ВМРО-ДПМНЕ во опасност.

Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски.

Како што покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност, страст и сила ќе донесеме правда и владеење на правото за сите.

А единствената шанса да ја завршиме работата до крај и да донесеме правда, е со нов мандат на Влада предводена од Зоран Заев.

Отсекогаш работевме и продолжуваме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните, на државата. Оние партии кои гледаат само партиски интереси, време е да одат во опозиција и да се реформираат.

Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка на коалицијата „Можеме", која носи сигурност,стабилност,подобра иднина и обезбедува заштита на здравјето на граѓаните.

На 15 јули излезете и заокружете го бројот 3, за коалицијата „МОЖЕМЕ", за сигурност, затоа што секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е опасност, глас за враќање на режимот!

Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3

Македонија продолжува да ги исполнува условите за визна либерализација

Од 2017, Европската комисија има обврска да ги информира земјите членки за исполнувањето на овие критериуми поради брановите на „нелегални" баратели на азил кои доаѓаа од западниот Балкан пред сѐ, откако се укина визниот режим.

Европската комисија денеска ги презентираше резултатите од редовниот мониторинг на критериумите за визна либерализација во земјите од Западен Балкан и од источното Партнерство, сите ги исполнуваат условите и натаму, јави дописничката на МИА од Брисел.

Последниот извештај покажува дека Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грузија, Молдавија и Украина продолжуваат да ги исполнуваат условите и дека безвизниот режим "продолжува да носи позитивни економски, социјални и културни" бенефити како за ЕУ така и за земјите партнери. Сепак Комисијата потсетува дека не смее да има олабавување на напорите.

-Визната либерализација поттикнува контакти меѓу луѓето и ги зајакнува односите помеѓу ЕУ и граѓаните од западниот Балкан и источното Партнерство. Таа е моќна алатка за напредување на трансформативните реформи, вклучително во областа на правдата и безбедноста. Низ годините видовме значаен прогрес од страна на безвизните партнери да ги зајакнат овие врски. Постојани напори се потребни за да ги сочуваме овие успеси, изјави еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон.

Извештајот на Европската Комисија констатира дека огромното мнозинство патници од западен Балкан се "чесни" и дека не ја злоупотребуваат визната либерализација за "нелегална" миграција во ЕУ. Сепак, загриженост останува околу бројот на граѓани од Албанија и Грузија кои "неосновано" бараат азил во земјите на ЕУ преку безвизниот режим. /МИА.

притисни ентер