На снимката, тешко е да не се забележи како Џил Бајден се фрли во прегратките на нејзиниот сопруг и го бакна додека Меланија покажа многу повоздржано однесување. Таа само го удри по рамо Трамп и конечно го остави да и ја фати раката.
Имено, во неколку наврати имало снимки на кои Трамп се обидува да ја фати Меланија за рака додека таа не му го дозволува тоа.
Ова однесување го забележаа и корисниците на Твитер, а некои коментираа дека едвај чекаат да победи Бајден и „вистинската љубов да се врати во Белата куќа“.
"Гледајте ја докторката Џил Бајден како се прегрнува и бакнува со Џо Бајден по дебатата, а Меланија и Трамп едвај дури и се допреа. Едвај чекам на изборите вистинската љубов да се врати во Белата куќа"
"После дебатата, Џил Бајден отиде кај Џо, го бакна и го прегрна. Па, тоа е љубов. Меланија само го погали Трамп".
"Џо и Џил во топли прегратки. Меланија само му подаде рака на Трамп и изгледа засрамено".
"Меланија му пријде на Трамп. Таа не го прегрна. Не го бакна. Џил му пријде на Џо и му даде бакнеж и прегратка. Едвај чекам човештвото да се врати во Белата куќа", се некои од коментарите на социјалните мрежи.