Мексико развива сопствена вакцина, ќе се вика Патрија

Мексико до крајот на оваа година, по Куба, сака да стане втора земја во Латинска Америка со своја вакцина.

Како што пишува Дојче веле, Рамон Лопез Веларде не е кој било поет, тој е икона и „национален поет“ во својата татковина. Неговото ремек-дело е: „La suave Patria“ („Нежна татковина“). 100-годишнината од неговата смрт во Мексико ќе биде одбележана на 19 јуни.

Сето ова мора да се знае за да се разбере зошто мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја нарече новата вакцината на надежта „Патрија“. Едноставно, како што рече, не може да биде ништо помалку од тоа, името на вакцината е, како што рече претседателот, повикувајќи се на стиховите на овој голем поет, татковината е сè.

Дали Рамон Лопез Веларде ќе се согласи неговото име да биде поврзано со вакцина која сè уште не е позната дали навистина може да ги реши проблемите во татковината?

Пораката е јасна во секој случај: Мексико, со 216.000 смртни случаи од последиците на коронавирус, е трета земја во светот според бројот на смртни случаи, по САД и Бразил, што ја презеде својата судбина во свои раце. Започнала првата фаза на тестирање на Патрија, со 100 доброволци на возраст од 18 до 55 години од мексиканскиот главен град .

Милиони ефтини дози на вакцини треба да бидат достапни до крајот на годината, а реномираната лабораторија „Авимекс“ ќе добие седум и пол милиони долари субвенции од државата. Дали компанијата, основана во 1952 година, ќе стане латиноамерикански BionTech во однос на развојот на вакцините?

Ксавиер Тело е скептичен во врска со ова. Овој хирург и здравствен работник се прашува колку големи се шансите Патриа да може да дојде до фаза на одобрување за употреба: „Никогаш порано во Мексико не сме можеле да развиеме вакцина од нула.Не мислам дека Патриа ќе биде достапна пред почетокот на 2022 година. Вакцината нема да биде излез од пандемијата во Мексико “.

Авимекс и мексиканската влада се обидуваат да докажат дека Тело не е во право. Втората фаза на тестирањето на вакцините е планирана за јуни и јули, додека третиот и одлучувачки тест е планиран во периодот од август до октомври. Веста доаѓа во време кога владата на Лопез Обрадор е под огромна критика за управување со кризата со корона.

Голем број на смртни случаи се едно, а процесот на вакцинација е сосема друго. Иако Мексико е прва земја во Латинска Америка која започна да вакцинира уште на Божиќ минатата година, таа земја не успеала да постигне многу во областа на имунизацијата - затоа што едноставно нема доволно достапни вакцини.

Земјата е заглавена во приоритетната вакцинација во групата 2 и досега ги вакцинира само здравствените работници постари од 60 години. Луѓе на возраст меѓу 50 и 59 години исто така можат да аплицираат за вакцинација. Досега се искористени 17 милиони дози вакцини во процесот, но земјата, која има 130 милиони жители, е далеку од сопствените очекувања.

Мексиканците во моментов се вакцинираат со пет различни вакцини: BioNTech / Pfizer, AstraZeneca, кинеските вакцини Синовац и КанСино, како и Спутник В. Од средината на јуни, фабрика во Мексико се очекува да произведува руска вакцина. Патрија може да биде шестата вакцина, со што Мексико, после Куба, е втора латиноамериканска земја што ќе произведува своја вакцина.

Манолева: Болницата во Отешево со комплетно нов лик по 43 години

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО.

Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.

„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.

Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.

Министерство за здравство

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Зголемувањето на температурите и екстремните временски настани се очекува да имаат глобално влијание на земјоделството. 

Според новата студија на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам (ПИК), зголемените просечни температури би можеле да ја зголемат годишната инфлација на храната до 3,2 отсто годишно, а вкупната инфлација до 1,18 отсто годишно до 2035 година.

Во студијата, истражувачите наведуваат дека климатските фактори, како што се високите температури и екстремните врнежи, влијаеле на инфлацијата во историски контекст, но не направиле посебна анализа за тоа кои прехранбени производи најверојатно ќе бидат најмногу погодени.

„Откривме дека зголемувањето на температурите може да доведе до повисоки цени на храната, особено во топлите региони и годишните времиња“, рече д-р Макс Коц, еден од авторите на студијата.

„Во идните климатски услови, овие влијанија би можеле да станат големи - проценети на 1-3 процентни поени годишно врз инфлацијата на храната до 2035 година, загрозувајќи ги целите за стабилност на цените на централните банки, како што е ЕЦБ, која има за цел да ја задржи инфлацијата под 2 отсто“, додаде Коц.

Во исто време, вкупната инфлација може да расте во просек за 0,32-1,18 процентни поени секоја година на глобално ниво, се вели во студијата.

Зголемените или нестабилните цени ја загрозуваат економската и човечката благосостојба, како и политичката стабилност, се наведува во извештајот, цитирајќи податоци на ОН дека кризата на трошоците за живот во 2021-2022 година турна во сиромаштија дополнително 71 милион луѓе ширум светот.

Инфлацијата предизвикана од климата влијае подеднакво и на богатите и на сиромашните земји. Се очекува глобалното затоплување да влијае на инфлацијата на храната и на вкупната инфлација и во земјите со високи и со ниски приходи.

Инфлацијата расте како што растат температурите, а најсилно се јавува во лето и во топлите региони на пониски географски широчини, каде што ќе се задржи во текот на целата година. Поради оваа причина, според студијата, глобалниот југ, особено Африка и Јужна Америка, ќе бидат погодени во поголема мера.

Студијата внимателно го разгледува исклучително топлото европско лето во 2022 година, кога жештината и сушата имаа големо влијание врз земјоделството и економијата.

„Проценуваме дека исклучително топлото лето во 2022 година ја зголеми инфлацијата на храната во Европа за околу 0,6 отсто. Идното затоплување, прогнозирано за 2035 година, би го зголемило влијанието на ваквите екстремни настани до 50 отсто“, додаде Коц. /МИА

Видео: Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени

Експлозија се случи утринава во најголемата романска рафинерија и една од најголемите во источна Европа - Петромидија, лоцирана во Наводари, округот Констанца, на брегот на Црното Море, јавија локалните медиуми.

Властите велат дека нема жртви. Во моментов се вршат мерења за утврдување на степенот на загаденост на воздухот.

Густи облаци од црн чад се издигнуваат во областа и се видливи од градот Констанца и од одморалиштето Мамаја.

Активиран е таканаречениот „план за црвена интервенција“. На местото на настанот се испратени шест противпожарни возила, две со високи скалила и три возила на брза помош. Дополнителна помош се очекува да пристигне од Слобозија и Фетешт.

На почетокот на јули 2021 година, експлозија во Петромидија резултираше со смрт на тројца работници. Во јуни 2023 година, пожарникар беше повреден по пожар во фабриката за дестилација на дизел гориво во Петромидија.

притисни ентер