Меѓународната заедница со јасна поддршка за референдумот - Канал 5

Меѓународната заедница со јасна поддршка за референдумот

Во пресрет на референдумот на 30 септември денеска на средби во Скопје се генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг и  министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн. 

Меѓународната заедница со јасна поддршка за референдумот

Во петок во посета на Македонија доаѓа австискиот канцелар Себастијан Кур, а в сабот на Денот на независноста и канцеларката на Германија Ангела Меркел.

Се очекува високите европски државници и првиот човек на НАТО да и дадат поддршка на Македонија за успешен референдум и членство на земјата во НАТО и ЕУ.

Столтенберг синоќа на скопскиот аеродром го пречека министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Во пресрет на посетата на првиот човек на НАТО, вчера Шекеринска изјави дека светот навистина го цени она што се случува во Македонија и дава силна поддршка на нашите стратешки цели членството во ЕУ и во НАТО.

- Во една година прв пат ни се случува генерален секретар на НАТО да ја посети Македонија како земја која се уште не е членка на НАТО-Алијансата. Светот навистина го цени ова што се случува во Република Македонија и дава силна поддршка на нашите две стратешки цели – членство во ЕУ и членство во НАТО, рече министерката.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски, пак, во врска со посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Скопје вели дека нејзиното совпаѓање со македонскиот државен празник 8 Септември само по себе зборува за симболиката.

Австриската амбасадорка Ренате Коблер во разговор за МИА истакна дека Македонија никогаш не била поблиску до Европската Унија.

- Извештајот со препораките на Комисијата во април беше позитивен. Советот на министри во јуни, исто така, даде позитивен сигнал. Можам да кажам дека соработката со соседните земји е многу подобрена, особено со потпишувањето на договорот со Грција, а подобрена е соработката и со Бугарија, рече Коблер.

Таа додаде дека следниот чекор е референдумот и оти македонските граѓани го заслужуваат наредниот чекор до Европската Унија.

- Во голема мера, Македонија сега ја има најголемата поддршка. Еве стигнува генералниот секретар на НАТО, в петок доаѓа канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, в сабота германскиот канцелар Ангела Меркел. Тоа значи дека сета поддршка оди рака под рака со сите реформи што треба да се направат. Има многу полиња што треба да се опфатат со реформите: тука се, пред се, судството, образованието, и земјоделството, кои се опфатени со извештајот од Комисијата, рече австриската амбасадорка, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Македонскиот премиер Зоран Заев повтори дека неговата Влада е стопроцентно определена за членство во НАТО и ЕУ и тоа така и ќе остане.

Посредикот на ОН во спорот за името Метју Нимиц во интервју за БИРН, пак, во однос на оспорувањето на Договорот со Грција за името кажа дека поминаа 25 години, а може да поминат уште толку пред нов договор доколку овој не помине.

За него, идејата за долготрајно чекање и неспроведување на договорот е многу ризична.

- На оние во вашата држава што велат ‘ајде да почекаме, да оставиме уште неколку години, ќе имаме подобар договор во иднина’, jас им велам ‘Не знаете тогаш каде ќе биде ЕУ, дали ќе сакаат уште една членка, дали ќе сакаат тоа да биде вашата држава, не знаете каде ќе биде НАТО, не знаете што ќе се случи во Грција со смената на власта, не знаете што ќе се случи во регионот. Идејата за долготрајно чекање е многу ризична“, нагласува Нимиц.

Вели дека е воздржан оптимист, но оти сепак, не е се готово. За договорот да биде спроведен, треба да помине референдумот, да се усвојат уставните измени и потоа грчкиот парламент да го ратификува.

- Се надевам дека ќе помине во двете држави, затоа што е фер и чесно решение за двете страни, но ако не помине, не гледам решение во скоро време. Поминаа 25 години, може да поминат уште 25. И многу луѓе ќе го загубат интересот, ако ова не помине сега во вашата држава, предупреди Нимиц. /МИА

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

Британската Кралска ковачница за пари објави комеморативни монети во чест на 50-годишнината од постоењето на легендарната англиска хеви-метал група „Ајрон мејден“ (Iron Maiden).

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

На тој начин, бендот им се придружува на другите изведувачи кои се нашле на официјална паричка. Во серијалот „Музички легенди“ на Кралската ковачница се прославија и „Квин“ (Queen), Елтон Џон и Дејвид Боуви. Изработен од уметникот пријател на „Ајрон мејден“ - Алберт „Акирант“ Квирантес, дизајнот на новите монети ја прикажува маскотата на составот - „Еди“, во динамична поза, но има и многу скриени детали.

- Дизајнирањето на паричката на „Ајрон мејден“ беше еден од највозбудливите проекти во мојата кариера... Сокрив неколку референци во дизајнот што вистинските обожаватели ќе уживаат да ги откријат, вклучувајќи суптилни алузии на класични уметнички дела од албуми и нивните најомилени песни, изјави уметникот.

Ребека Морган, одговорна за специјални монети во Кралската ковачница, истакна дека „Ајрон мејден“ се бестрашните пионери во музиката.

- Веејќи го знамето на Британија низ целиот свет половина век... Нивната креативна визија, моќните настапи и посветената публика им обезбедија место како еден од највлијателните британски бендови. Оваа монета е совршена фузија на „метал и метал“, па очекуваме дека ќе се покаже како колекционерско парче коешто ќе биде многу барано и од нумизматичарите и од страсните рок фанови, нагласи таа.

Монетите се достапни за купување од Кралската ковачница од 8:00 ч. утрово, во златни, сребрени и брилијантни изданија. Чинат од 18,50 фунти (за брилијантната монета од 5 фунти којашто ќе биде за вон оптек) дo 29,50 фунти за парчките во боја. Колекцијата вклучува и златна монета од 200 фунти, којашто чини 6.940 фунти.

Блумберг: Русите произведуваат значително повеќе дронови благодарение на кинески компании

Компанијата Аеро-ХИТ тврди дека до 2025 година ќе достигне производствен капацитет до 10.000 беспилотни летала месечно, со планови за развој на понапредни модели.

Блумберг: Русите произведуваат значително повеќе дронови благодарение на кинески компании

Русија значително ги прошири своите капацитети за беспилотни летала за војната против Украина благодарение на кинеските компании кои официјално негираат соработка со Москва, покажува истрагата на Блумберг, заснована на интерни документи на руската компанија Аеро-ХИТ и преписка со руски владини претставници.

Аеро-ХИТ, релативно непозната компанија со седиште во градот Хабаровск, на Далечниот Исток, започна да работи со кинески фирми во 2022 година, откако Русија започна целосна инвазија на Украина, со цел масовно производство на беспилотни летала за употреба на линијата на фронтот.

Компанијата тврди дека до 2025 година ќе достигне производствен капацитет до 10.000 беспилотни летала месечно, со планови за развој на понапредни модели.

Според документите добиени од Блумберг, Аеро-ХИТ од почетокот на 2023 година соработува со инженери од кинеската компанија „Аутел“ за локализација на производството на дронот Аутел EVO Max 4T во Русија. Основата на арсеналот на Аеро-ХИТ е дронот Велес, модел на FPV базиран на кинескиот Аутел EVO Max 4T, што првично беше дизајниран за цивилна употреба.

Неговиот отпор кон електронско војување го направи ефикасен на бојното поле. Цената на еден дрон е околу 650.000 руски рубли, што е приближно 7.105 евра.

Во јуни 2024 година, Министерството за финансии на САД воведе санкции врз Аеро-ХИТ откако неговите дронови беа употребени од руските сили во Херсон за напад врз украински цели. За да ги заобиколи санкциите, Русија користи посредници од други сектори како што се земјоделството, логистиката и угостителството, наведува Блумберг.

Иако Кина официјално тврди дека не испорачува оружје на ниту една страна во конфликтот, документите укажуваат на вмешаност на инженери од Харбинскиот институт за технологија (ХИТ), кинески универзитет тесно поврзан со кинеската војска и под санкции на САД.

Во 2024 година, рускиот претседател Владимир Путин го посети ХИТ за време на службеното патување во Кина, по што соработката помеѓу ХИТ, аеродромот во Хабаровск и компанијата Комакс, која управува со аеродромот, беше дополнително зајакната. Комакс е во сопственост на Константин Басјук, поранешен оперативец на КГБ и руски сенатор за окупираниот дел од Херсонскиот регион.

На крајот на 2023 година, фабриката во Хабаровск произведуваше помеѓу 200 и 300 дронови месечно, а во март 2024 година, руското Министерство за одбрана планираше да нарача 5.000 „ФПВ“ дронови од моделот „Велес“.

Во светлината на овие настани, украинскиот претседател Володимир Зеленски на 27 мај изјави дека Кина ја запрела продажбата на дронови на Киев и други европски земји, а сепак ги испорачува на Русија, што дополнително го комплицира конфликтот во регионот.

Трамп: Царините стапуваат во сила на 1 август, нема да има продолжување

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека царините ќе стапат во сила на 1 август и оти повеќе нема да има продолжувања.

Трамп: Царините стапуваат во сила на 1 август, нема да има продолжување

- Немаше промени до овој датум, ниту пак ќе има промени. Со други зборови, сите пари ќе доспеат за плаќање почнувајќи од 1 август 2025 година, напиша тој на Truth Social.

Трамп додаде дека некои земји за кои се воведуваат царини вчера биле писмено известени, додека други ќе добијат официјално известување во текот на денот.

Трамп извести најмалку 14 држави за новите царински стапки кои ќе стапат во сила на 1 август, со напомена дека таквата царинска политика би можела да се промени со договор во областа на трговијата.

За Јапонија и Јужна Кореја е одредена царина од 25 отсто. Иста висина на царина е одредена и за Малезија, Казахстан и Тунис.

На Јужна Африка и Босна и Херцеговина им се воведени царини од 30 отсто, на Индонезија 32 отсто, на Бангладеш и Србија 35 отсто, на Камбоџа и Тајланд 36 отсто, а на Лаос и Мјанмар 40 отсто.

Трамп во писмата ги предупреди земјите против воведување реципрочни мерки, велејќи дека САД во тој случај ќе одговорат со воведување нови царини.

Трамп во април најави основна царинска стапка од 10 отсто за повеќето земји и дополнителни царини кои се движат до 50 отсто.

Подоцна го одложи стапувањето во сила на новите царини до 9 јули за сите освен за оние земји на кои им беше одредена стапка од 10 отсто.

притисни ентер