Меѓународна конференција за образованието по природни науки и математика

Познавањето на математиката и природните науки е основа за градење логично мислење и за разбирање на другите науки, рече министерката за образование и наука Рената Дескоска на отворањето на меѓународната конференција за образованието по природни науки и математика што денеска и утре се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Поради намален број запишани на студии по математика се воведени стипендии за студентите по математика и физика, со цел, како што рече, студиите да бидат поатрактивни. Со таа цел е и законот за основање математичко-информатичка гимназија кој овој месец е во собраниска процедура.
Гимназијата ќе биде од посебен тип зашто ќе се изучуваат напредни програми по математика, физика и информатика. Воедно ќе служи и како центар за талентирани ученици, бидејќи покрај оние што се редовно запишани во гимназијата, ќе може да се спроведуваат и специјални напредни обуки во повеќе области за талентирани ученици кои учат во други основни и средни училишта.

- Рокот за отворање на гимназијата не е ставен во законот, туку е ставено дека штом ќе се создадат условите, Владата ќе ја донесе одлуката за отворање. Имаше две опции - едната е природно-математичката гимназија да се смести во некој постоечки објект/гимназија, и втората опција - да се изгради нов современ објект со нови простории и лаборатории што ќе биде еднакво на светските стандарди. Мојата заложба беше да одиме на втората опција, зашто во минатото сме виделе дека кога ќе се смести една институција во една просторија, тогаш многу тешко оди реализирањето на други барања. Не планираме овој септември да почне, но со надеж дека од наредната година би се отворила, изјави министерката Дескоска.

Соопшти и дека оваа година Македонија ќе биде дел од меѓународно тестирање за познавање математика и јазични вештини и МОН, рече, се обидува да ја подигне свеста кај наставниците, директорите и учениците за значењето на тестирањето за да се добијат реални резултати.

Деканот на Природно-математичкиот факултет Ицко Ѓорѓовски рече дека на дводневната конференција на нивниот факултет има околу 500 учесници од Македонија и од соседните земји.

- Убедени сме дека заклучоците што ќе произлезат од оваа конференција многу ќе помогнат дел од настанатите порблеми во образовниот процес да се избалансираат, а потоа работите да бидат и подобри. Сите наши студии се препознати во светот и нашите студенти може да отидат секаде. Во последните десетина години интересот во наставните насоки стагнира, се намалува постојано, и мислиме дека активностите на МОН ќе вродат плод. Потребна е сеопфатна реформа која би почнала од предучилишното до високото образование, рече деканот на ПМФ.

Момче падна од 40 метри висок гребен во Италија- пријателите немоќно гледале (ВИДЕО)

Момче (14) од Арика, Италија, доживеа трагична судбина кога со другарите го посети езерото Неми, не сфаќајќи дека ќе падне од дрво по стрмна карпа од 40 метри и ќе загине.

Тој наводно се одвоил од својата група пријатели и се обидел да стигне до највисоката точка на Виа Перино, но гранката од дрвото на која се качувал се скршила и момчето се превртело врз карпата, објави Мирор.

Тинејџерот паѓал над 30 метри, а неговите пријатели беспомошно гледале и веднаш го вклучиле алармот.

Пожарникарите од Неми и карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, но не можеле ништо да му направат на момчето, освен да констатираат смрт.

Телото е пренесено во болницата Кастели во Арикио, а потоа во Институтот за судска медицина во Рим.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

Генчов: Лидерот што ќе ги поврзе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе влезе во историјата

Сотир Костов и Александар Генчов, гости во Само Вистина.

Генчов:

Македонија и Македонскиот народ не можат веќе да издржат две големи партии. „Едното општество за сите“, нешто што требаше да биде врвно достигнување на западната Алијанса, се претвара во армагедон за Македонците. Прашање на ден е кога ние ќе треба да си бараме Рамковен договор. Историско обединување е кога ќе се обединат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Лидерот што ќе ги поврзе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе влезе во историјат, тоа е тешко но лидерот се познава по „тешките работи“. Сега се' е во рацете на Мицкоски, тој води кај Македонците, сакале да признаеме или не, обединувањето е во рацете на Мицкоски. Македонизмот многу подобро ќе се развива доколку сме во добри односи со Бугарија и Грција и како дел од ЕУ. Надвор од ЕУ ние ќе се претвориме во православни Албанци.

Костов:

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат соговорник од „другата страна“, немаше комуникација со Ковачевски па така ни се роди Француската рамка. Во Македонија има еден, не два народа, согласно уставот има само делови од народ. Според нановите податоци, не е така црна сликата и Албанската жена не е само таа што раѓа. Демогравски Македонци има 65%, Албанците се околу 25% и другото припаѓа на останатите малцинства.

притисни ентер