Меѓународен шаховски турнир во чест на Блаже Конески

На Б турнирот учествуваат 67 играчи со рејтинг до 1.800 поени, додека на А турнирот до 2.200 рејтинг поени настапуваат 41 играчи.

По повод 100 годишнината од раѓањето на првиот претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија, академик, поет, писател и кодификатор на македонскиот современ литературен јазик Блаже Конески од денеска до среда во скопскиот хотел „Континентал" се одржуваат шаховски турнири во негова чест.

На Б турнирот учествуваат 67 играчи со рејтинг до 1.800 поени, додека на А турнирот до 2.200 рејтинг поени настапуваат 41 играчи.

Најголемиот број пријавени учесници се од Македонија, но има и гости од Србија, Бугарија и Косово, соопшти Шаховската федерација. /МИА

Изложба на дела од Владимир Темков во Кавадарци

„Виножито" е насловена ликовната изложба што вечерва е отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. Претставени се дела од ликовниот уметник Владимир Темков.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева посочи дека се презентирани педесетина дела со спектар од боите на виното и житото.

За 40-годишното ликовно творештво на Темков, говореше Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметност при Музејот.

-Тој припаѓа во редот на хиперактивните сликари, кои секојдневно работат и по 12 часа во своите ателјеа. За тоа сведочат и над 100 самостојни и групни изложби во нашата земја и насекаде низ светот. Иако во неговиот богат творечки опус има повеќе фази, сепак има една нагласена универзална симболика за убавините на својот роден крај, истакна Цветков.

На љубителите на уметноста им се обрати и самиот автор, кој денеска слави роденден.

Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Педагошка академија, Факултет за ликовни уметности и магистерски студии завршил во Скопје.

– Има работено на повеќе работни позиции, меѓу кои и референт за култура, директор на Младински дом „Младост", директор на Дом на култура „Иван Мазов – Климе", потоа ја има извршувано функцијата претседател на Комисија за култура на бивша СФРЈ и тн. Во својата досегашна плодна уметничка кариера има реализирано повеќе проекти и интервенции од областа на уметноста и учествувано на повеќе меѓународни конференции. Има реализирано над 50 самостојни изложби, учествувано на многубројни групни изложби како и ликовни колонии, стои во неговата биографија.

Фото: „BMW“ се простува од „V12“ моторот во голем стил

Последните 12 примероци ќе бидат произведени ова лето.

„BMW“ уште претходно најави крај за моќниот „V12“ мотор, по 35 успешни години. Крајот на едната еда ќе биде обележан со специјална ограничена серија од моделот „BMW M760i xDrive“ со ознака „Final V12“.

Во рамките на оваа серија ќе бидат направени само 12 примероци од најмоќниот модел во серија 7 а сите автомобили се резервирани за американскиот пазар.

Засновата на стандардниот „BMW-u M760i xDrive“, верзијата „Final V12“, ќе има единствени ознаки на надворешноста и во ентериерот, потоа ексклузивни тркала и широк спектар за опции за персонализација на возилото по желба на купувачот.

Под хаубата се разбира се наоѓа 6.6 литарскиот „V12“ мотор со 609 КС. СИлата на сите четири тркала се пренесува преку 8-степен автоматски менувач.

Сите возина ќе бидат нумерирани со броеви од 1 до 12 а производството започнува во јуни 2022 година додека автомоблите кај своите сопственици ќе пристигна во јули.

Цената стартува од 200.000 долари.

Санкционирани 95 возачи кои возеле побрзо од дозволеното на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Во акциска контрола на полицијата денеска на автопатот Куманово – Скопје – Велес санкционирани се 95 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина.

Од нив, 16 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четворица се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР, апелирајќи до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

притисни ентер