Меџити: Законот за амнестија е продолжување на измените на Кривичниот законик

Против законот за амнестија се трите албански опозициски партии, соопшти Изет Меџити.

Според него, овој закон е само продолжение на измените на кривиниот законик со кој беа амнестирани десетици случаи..

Нова опрема во детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ја посети детската градинка „Гоце Делчев“ во Илинден, каде во изминатиот период направени се повеќе инвестиции.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека во детската градинка во текот на минатата годината направени се инвестиции, со цел да се подобрат условите за дечињата и вработените со цел обезбедување соодветни услови за престој во оваа установа. За таа цел, обезбедена е опрема за потреба на јаслените групи (слики од шкафовите, занималните, малата кујна), извршено преградување на салата за свечености со ПВЦ врати и промена на врати од занимални. Исто така обезбедени се дидактички материјали и играчки за децата од двата објекта, набавена е нова опрема со која ќе се обезбеди уште подобра исхрана за децата од градинката и целодневниот престој.

Дополнително градоначалникот истакна дека е изготвен Основен проект за доградба на централниот објект со нова кујна со бруто површина од 147м2 која ќе има капацитет за подготовка на 800 оброка, а делот во кој сега е сместена постоечката кујна ќе биде реконструиран и адаптиран во занимални за деца.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема во детската градинка и училишта на нејзина територија, затоа што гризата за децата и образованието се една од најважните алки во општеството.

Општина Илинден

Писториус: Русија ќе остане закана за европската безбедност, и ако се постигне мир во Украина

„Би било наивно да се верува дека таа закана, дури и по каков било мировен договор, кога и да се материјализира, ќе ослабне“, рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека Русија ќе остане закана за европската безбедност дури и ако се постигне мир во Украина, изразувајќи жалење што американската администрација веќе направила, како што наведе, отстапки за Русија пред почетокот на преговорите.

„Би било наивно да се верува дека таа закана, дури и по каков било мировен договор, кога и да се материјализира, ќе ослабне“, рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Писториус нагласи дека затоа е неопходно членките на НАТО повеќе и побрзо да инвестираат во својата одбрана и безбедност.

Хрватска ќе уништи пратка со сок од јаболко од Србија поради присуство на токсини

 Хрватските санитарни инспектори наредија итно уништување на пратка со сок од јаболко од Србија поради присуство на микотоксини.

Европскиот систем за безбедност на храна (РАСФФ) објави дека микотоксинот патулин, произведен од одредени видови мувла, е откриен во сок од јаболко од Србија.

Патулин е откриен во примерокот на сокот во концентрација од 93 микрограми на килограм јаболка, прописите не дозволуваат присуство на овој микотоксин воопшто.

Според упатствата на ЕУ, максималниот толерантен дневен внес на патулин во организмот е 0,4 микрограми по килограм храна.

Патулин најчесто се наоѓа во соковите добиени со пресување свежи јаболка. Бројни научни студии ја потврдија токсичноста на патулинот за телото. Симптомите на акутно труење вклучуваат возбуда, грчеви, отежнато дишење и пулмонална конгестија. Тие исто така може да предизвикаат дигестивни проблеми со улцерации, надуеност и крварење, а при високи дози, промени во функцијата на бубрезите.

притисни ентер