Меџити: Поддржувам протести, но случајот со Клиниката за онкологија се злоупотребува

Луѓето да протестираат, тоа е загарантирано со Уставот на Република Македонија. 

Јас лично како човек и како министер, мислам дека тоа е најдемократски чин и секој има право да протестира. И јас ги поддржувам ваквите протести. Но, тоа што сакам да напоменам, секогаш, гледаме со случајот „Онкологија“ дека се злоупотребува. Апелирам за дневни политички евтини поенти да не се користат ваквите протести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

Меџити на прашање по брифингот со новинарите дали на Онкологија и на други клиники имало злоупотреби поврзани со пациенти кои доаѓале од други држави, тој рече дека во моментов не би сакал и нема да сподели информации во интерес на процесот што се води од Обвинителството.

-Затоа се што Обвинителството ќе донесе одлука на крај, тоа ќе биде јавно за сите. Пациентите кои се обратиле до Министерството за здравство и до мене лично, ние сме им ја кажале точната адреса, да одат во Обвинителство. И Обвинителството транаспарентно работи, многу отворено со пациенти, нивни семејства, со сите кои имаат точна информација. Значи информациите одат до истражните таму што се обвинители. И на крај, кога ќе има конечна одлука, транспарентно, очекуваме што побрзо на оваа неизвесност да се стави крај и да излезат и тука, одговори Меџити.

Според него, во прашање е и образот на здравствените работници.

Министерот Меџити рече дека се прави попис за сите апарати кои се донирани а не се користат во здравството.

-Во врска со акцелераторите, од прв ден кажав и пратив службите што се надлежни за оваа програма, каде има донација скапа што е платена и што не се искористува од страна на здравствените работници, да има еден попис и точно да се знае каде, што имаме и дали има кадар, или да дисперзираме, или тие апарати да се носат во друга установа, каде ќе бидат корисни, рече Меџити.

За ацелераторот на Онкологија, вели дека не знае зошто не се користел.

-Да имаше нов акцелератор со таква финансиска сума и да стои под прашина седум години да не се стави во употреба, не би можел да кажам зошто е тоа така направено. Таму има четири акцелератори, два веќе се при крај со работењето и едниот од нив што е најстар, да може да се смени, но ние од утре веќе почнуваме да го демонтираме тој апарат и ќе треба, тој апарат седел седум години и за да се стави во функција. Нормално дека треба од таа компанија што има лиценца за тој апарат, да се сервисира и тоа сервисирање ние веќе од пред три месеци, знаеме дека изнесува многу голема сума финансиска, рече Меџити.

Како што кажа, според раководителите на Клиниката за онкологија, четири акцелератори ја покриваат потребата на пациентите.

Меџити рече дека исто така се работи и во други центри.

-Клиничка болница Битола, таму има апарат, има еден дел од кадарот, треба уште малку да се доекипира тој кадар, за да можеме и тој апарат да го ставиме во функција, рече министерот.

За ацелераторот во Штип рече дека таму треба прво да се направи инфрастрктура.

-Замислете, таму е набавен ацелератор, а нема инфраструктура. Во 2024 година, тој апарат ќе го ставиме во функција со новиот буџет на Република Македонија, најави Меџити.

АХВ: Трипуновски повторно лажно шири паника, млекото со афлатоксин се враќа во Србија

Мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање на задоволителен резултат од тестирањата.

Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко од Србија со афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации, реагира Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ апелира, граѓаните да бидат спокојни зашто „канцерогено” млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема. Денес, со согласност на извозникот, од граница, тоа се враќа во Република Србија согласно законски дефинираните процедури.

-За да нема идни шпекулации и замајувања на јавноста, дека граѓаните во земјава пијат небезбедно млеко со афлатоксин, одговорно тврдиме дека со цел спречување на ризикот по јавното здравје, поради утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1, на сила е Решението за безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко и храна за исхрана на животни од 1 декември минатата година кое го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Со него се врши задолжително лабораториско тестирање на присуство на афлатоксин М1 на секоја пратка со млеко и производи од млеко која се увезува во земјава, а е по потекло од Република Србија или од Босна и Херцеговина. Мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање на задоволителен резултат од тестирањата. Оттаму, небулозно е денешното тврдење дека небезбедно млеко по потекло од соседна Србија завршило на рафтовите во продавниците. „Веста“ на Трипуновски за афлатоксинот во сурово млеко по потекло од една од поголемите млекарници е стара неколку месеци, иако и со неа денес се обиде да манипулира. Ова млеко, во согласност со операторот, уште во април годинава нештетно е уништено и не стасано во прометот, наведува АХВ во реакцијата.

Брнабиќ: Продолжува теророт на Курти врз Србите на Косово

Теророт на Албин Курти врз Србите на Косово и Метохија, очекувано продолжува, согласно сето она што го кажуваме и она што со месеци го зборува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, терор и малтретирање на Србите на Косово и Метохија.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека продолжува „теророт што го спроведува косовскиот премиер Албин Курти врз Србите на Косово и Метохија“, нешто што и таа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до сега предупредувале, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ на новинарско прашање за настаните на северот на Косово рече дека косовската полиција од утрово врши претреси во српските општини на северот од Косово, дека влегле во КБЦ „Косовска Митровица“.

-Теророт на Албин Курти врз Србите на Косово и Метохија, очекувано продолжува, согласно сето она што го кажуваме и она што со месеци го зборува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, терор и малтретирање на Србите на Косово и Метохија, изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека единствена цел и желба на Курти е да ги протера сите Срби од Косово.

-Ја следиме ситуацијата, разговараме и со КФОР, со меѓународната заедница, од утрово претседателот Вучиќ има средби на оваа тема, се слушнав и со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, теророт продолжува, заклучи Брнабиќ.

На новинарско прашање дали има информации за тоа кои се вооружените лица во Бањска и каква е улогата на Милан Радојичиќ во тоа, Брнабиќ одговори дека медиумите кои и го поставиле тоа прашање го пренесуваат секој „збор на (министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ) Свечља како да е вистина“.

-Свечља вели дека некој се лекува во ВМА, а вие трчате да видите дали навистина е на ВМА. Верувам дека сите ги имате сите информации, па прашајте ја Приштина, рече Брнабиќ.

Премиерката на Србија во врска со предвремените избори изјави дека должината на нејзиниот мандат не ја одредува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, туку дека Владата излегла во пресрет на опозицијата која побарала распишување парламентарни и избори во градот Белград.

Таа потсети дека уште во јуни понудила оставка и додаде дека верува и се надева дека изборите ќе се одржат во декември.

Од понеделник отпочнуваат градежните на наплатната станица Глумово

Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека од понеделник ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. 

Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци.

При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим.

Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

притисни ентер