Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува одржува од 6 до 13 јуни во Прилеп. Во официјалната конкуренција се девет претстави и пет претстави од независната продукција.
Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде на 6 јуни во 20 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“. Тогаш ге бидат доделени и наградатите за животно дело. Годинашни добитници се актерите: Снежана Коневски-Руси, Гоце Тодоровски и Соња Михајлова.
Претстава „12“ е дел од официјалната селекција на Фестивалот.
На затворањето на фестивалот, на 13 јуни, на истата сцена во Центарот за култура во Прилеп од 20 часот во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Вистината 2“ од Флоријан Зелер, во режија на Владимир Јурц во продукција на Театар Комедија.
Фестивалот за претставите ќе ја користи сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ која ќе ги задоволува сите стандарди за одржување масовна манифестација, а ќе се користат и други алтернативни сцени в Прилеп. Ќе има промоции, изложби, разговори на тркалезната маса за претставите.
Влезниците за фестивалските претстави ќе бидат пуштени во продажба на 2 јуни на билетарницата од Центарот за култура „Марко Цепенков“, како и онлајн.
Фестивалот ја објави и целосната програма.