Меделин, родниот град на Ескобар, бележи рекордно низок број на убиства

Колумбискиот град Меделин, родното место на озогласениот Пабло Ескобар, кој што важи за царство на наркодилерите и зависниците од дрога.

Ескобар, во март бележи рекордно ниска стапка на убиства. Причина за тоа, најверојатно, е корона-кризата, соопштуваат властите. Во градот минатиот месец биле убиени вкупно 18 лица. Вкупниот број убиени од почетокот на годинава е 86, што претставува намалување за 44 отсто во однос на истиот период лани.

Овие бројки се историски. Не можеме да негираме дека изолацијата поради пандемијата има и позитивни последици, вклучително и намалувањето на криминалот, изјави Хозе Херардо Ацеведо, претставник на градските власти.

притисни ентер