МД „Илинден" ги повикува Македонците во Албанија да помогнат во лекувањето на малиот Василиј

Македонското друштво „Илинден"-Тирана упати апел до Македонците во Албанија, но и до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на малиот Василиј.

– Сите хумани луѓе имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донира, да помогнеме во лекувањето на малиот јунак Василиј, по потекло од областа Мала Преспа. Тој е роден на 25 март, предвреме 28 недела, но за жал со проблеми со срценцето, белите дробови и главчето. Средствата може да се уплатат преку Гофундме на следниот линк https://www.gofundme.com/f/gib-vasilij-eine-chance ... но и сметката Стопанска Банка АД Битола 500600019060885 – Симона Анчева, стои во апелот на друштвото.

Се додава дека поради своето предвремено раѓање малиот Василиј сè уште е во инкубатор и машина за дишење, процес кој ќе трае долго, можеби повеќе и од два месеца, за што се потребни средства за да ги добие сите битки.

– Молиме активно да се вклучите во акцијата за лекување на малиот Василиј, Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. На тој начин ќе му дадеме поддршка на Василиј да има безгрижно детство и да ги оствари своите соништа, се наведува во апелот на друштвото.

Исто така, се посочува дека малиот Василиј имал одредени други здравствени проблеми, кои за среќа пополека ги надминува.

Норвешка прекина со вакцинации со АстраЗенека, 216.000 дози ќе им позајми на Шведска и Исланд

Норвешка, каде што привремено е прекината употребата на AstraZeneca, ќе им позајми на Шведска и Исланд 216,000 дози на нивно барање, објави норвешкото Министерство за здравство.

„Задоволен сум што вакцината што ја имаме на залиха може да биде корисна иако вакцината „АстраЗенека“ во Норвешка е ставена во мирување“, рече во изјавата министерот за здравство Бент Хеј.

Тие 216.000 дози вакцини од англо-шведската компанија треба да се искористат до јуни, а некои до јули. 200 000 дози ќе бидат насочени кон Шведска, а 16 000 за Исланд.

„Ако продолжиме да ја користиме AstraZeneca, тие ќе ни ги вратат позајмените дози кога ќе ги побараме“, прецизира Хеј.

Како и нејзиниот дански сосед, Норвешка престана да ја користи AstraZeneca на 11 март за поблиску да ги проучи нејзините несакани ефекти, ретки, но потенцијално тешки.

Од 134 000 администрирани инјекции во Норвешка, имало пет случаи на тешка тромбоза, од кои три биле фатални, а се пријавени кај релативно млади здрави лица. Уште една вакцинирана жена починала од мозочно крварење.

„Само Интервју” вечерва со Талат Џафери

Во вечерашнoтo „Само Интервју” ќе гостува Талат Џафери.

Дами и господа, петок е ден за „Само Интервју“, а вечерва ќе гостува Собранискиот спикер Талат Џафери.

Скафандери во Собрание, политички препреки и исцрпувачки седници за економските мерки, има ли законодавниот дом атмосфера за решавање на проблемите на граѓаните или стана самиот проблем?

Четири години по крвавиот 27 април, ја знаеме ли целата вистина?

Кога судот се откажа, можеше ли Собранието да покрене иницијатива за обесштетување на новинарите -сведоци на крвавиот четврток?

Дали им се лути на Заев и Мицкоски што не го поканија на лидерска? Можно ли е овој состав да биде ефикасен или предвремени избори се најдобро решение?

Вечерва во „Само Интервју“, Гоце Михајлоски прашува, Талат Џафери одговара, а вие гледајте Канал 5 Телевизија.

Жената мамела на возачки испит, сопругот го гризнал сопственикот на авто школата

Возачкиот испит во Австрија морало да го запре полицијата,откако инструкторите откриле дека еден ученик од автошколата се обидува да ги заобиколи правилата.

Авто школата во градот Инсбрук контактирала со полицијата откако 40-годишата кандидатка започнала да се однесува чудно додека полагала писмен испит, изјавил вчера полицискиот портпарол.

Жената сторила сé за да се осигура дека ќе го положи возачкиот испит: имала слушалки со Bluetooth и скриена камера зашиени во нејзиниот џемпер.

Додека полицијата ја испрашувала, нејзиниот сопруг се појавил и сакал да ја напушти автошколата со неа. Ситуацијата на крајот ескалирала кога мажот го каснал за рамо сопственикот на автошколата.

Двојката доби куп полициски пријави: тој за напад , а таа за мамење на испитот, но тие сепак не завршиле во притвор.

притисни ентер