МБА ги повикува правните лица, клиенти на банките, да извршат упис во регистарот за сопственици

Регистарот на вистински сопственици, кој се води во рамки на Централниот регистар на Република Македонија, започна да функционира на 27 јануари 2021 година со што тече рокот од 90 дена за пријавување на податоци за вистинските сопственици.

Македонската банкарска асоцијација ги повикува сите правни лица – клиенти на деловните банки и штедилници кои подлежат на обврската за запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици, да го извршат пријавувањето во Регистарот во законски предвидениот рок до 27 април 2021 година, со цел понатамошно непречено извршување на платниот промет и воспоставените деловни односи.

Регистарот на вистински сопственици, кој се води во рамки на Централниот регистар на Република Македонија, започна да функционира на 27 јануари 2021 година со што тече рокот од 90 дена за пријавување на податоци за вистинските сопственици.

Запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици,како што наведуваат од Македонската банкарска асоцијација, се врши електронски во Централниот регистар на Македонија (https://www.crm.com.mk).

-Согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, сите правни лица кои се предмет на упис во Централниот Регистар на Република Македонија имаат обврска до 27.04.2021 година да извршат запишување на податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот на вистински сопственици, додека правните лица основани (регистирани) по 27.01.2021 година имаат обврска во рок од 8 (осум) дена од уписот на основањето на деловниот субјект да извршат запишување на податоци за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици, појаснуваат од МБА.

Обврската за внесување податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот на вистински сопственици не се однесува на трговци поединци, лица кои вршат јавни овластувања, буџетски корисници, правни лица во државна сопственост, правни лица во постапка на стечај и ликвидација, самостојни вршители на дејност како и правните лица чии акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност и кои се обврзани да се усогласат со условот за објавување на податоците за вистинските сопственици со што се обезбедува соодветна транспарентност на информации за сопственост согласно релевантните меѓународни стандарди.

Од МБА истакнуваат дека од 28 април 2021 година, банките имаат обврска за сите клиенти – правни лица, да ги проверат податоците за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици и да обезбедат доказ дека е извршен соодветен упис во Регистарот на вистински сопственик.

-Доколку клиентот – правно лице во предвидените рокови не изврши запишување на вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици или податоците во Регистарот нема да бидат ажурирани согласно законските рокови, работењето со сметките ќе му биде оневозможено/одложено, се додека не ги запише/ажурира потребните податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот, стои во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер