МБА: Банкарскиот систем е сигурен и стабилен, ниту една друга банка не е изложена на ризик

Ниту една друга банка не е изложена на ризик што може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност. 

Банкарскиот систем се одликува со исклучително прудентно работење и отпорност на шокови, соопшти денеска Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со одлуката на Народната банка да ја укине дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка" АД Скопје.

Според МБА, утврдените слабости во работењето на „Еуростандард банка" АД Скопје, за кои беше известено при соопштување на укинувањето на дозволата за нејзино работење, не ги отсликуваат карактеристиките на банкарскиот систем кој е сигурен, стабилен и солвентен.

-Показателите недвосмислемо укажуваат дека банкарскиот систем е во одлична кондиција, способен да одговори на потребите на населението и компаниите, а таа стабилност се согледува преку тоа што располага со високо ниво на ликвидност, при што ликвидната актива покрива близу 60 отсто од депозитите на домаќинствата, квалитетот на сопствените средства е исклучително висок и доминантен дел од нив од околу 90 проценти се од редовниот основен капитал, како најквалитетен слој од сопствените средства на системот, а солвентноста на системот континуирано е двојно повисока од законскиот минимум од осум отсто, при што според првичните расположливи податоци со состојба на 30 јуни 2020 година, стапката на адекватност на капиталот изнесува 17 проценти, наведува МБА.

Овие показатели, уверува Македонската банкарска асоцијација, обезбедуваат сигурност на депозитите на населението и правните лица.

-Депозитите во сите банки и штедилници се сигурни, а како и досега банките и штедилниците ќе продолжат со проширување на понудата на депозитни производи, следејќи ги современите трендови и потребите на клиентите, нагласува МБА и информира дека во рамки на можностите сите банки и штедилници максимално ќе се заложат да одговорат на потребите и барањата на физичките и правните лица кои биле клиенти на „Еуростандард банка" АД Скопје за да продолжат непречено да ги користат банкарските услуги и производи.

-Сите банки и штедилници се на располагање за да обезбедат брза, квалитетна и ефикасна банкарска услуга, како во однос на отворањето сметки, така и за обезбедување производи за штедење или пак доколку е потребно за рефинансирање на обврските по основ на кредитни производи на клиентите на „Еуростандард банка" – АД Скопје кои редовно ги подмирувале своите кредитни обврски. Фондот за осигурување на депозити располага со доволно средства и соодветно ќе започне постапка за обештетување на осигурените депозити, наведува МБА.

Невидено невреме во Пакистан и Авганистан, во поплавите загинаа најмалку 140 луѓе (ВИДЕО)

Бројот на загинати од силните бури во Авганистан и Пакистан во изминатите неколку дена се искачи на најмалку 137, а во некои области метеоролозите предвидуваат уште пообилни врнежи од дожд.

Најмалку 67 лица загинаа во Пакистан, соопшти денеска тамошното тело за управување со катастрофи, поради невообичаено обилен дожд за овој период од годината.

Во јужниот град Карачи е прогласена вонредна состојба. Градот е особено ранлив на бури поради лошата инфраструктура. Во соседен Авганистан, околу 70 луѓе загинаа, а 56 се повредени во обилните дождови и поплавите низ целата земја. Оштетени се 2.627 куќи, соопшти денеска Националната управа за управување со катастрофи.

Екстремните временски настани се зголемуваат поради климатските промени. Обилните врнежи од снег и дожд изминатите месеци во Авганистан предизвикаа големи штети и бројни жртви по невообичаено благата зима.

Екстремните временски настани како поплави и суши се зголемуваат во Авганистан и Пакистан поради климатските промени, предупредуваат метеоролозите. Погоден од деценискиот конфликт, Авганистан има ограничени опции за ублажување на негативните ефекти од климатските промени.

СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени

Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето.

Избувнувањето што започнало во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО.

„Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на новинарите во Женева главниот научник на агенцијата за здравство на ОН, Џереми Фарар. Минатиот месец на листата на заразени видови се приклучија и кравите и козите, што е неочекуван развој за експертите бидејќи се сметаше дека тие не се подложни на овој тип на грип.

Американските власти овој месец објавија дека едно лице во Тексас се опоравува од птичји грип по изложување на говеда, при што 16 крда во шест држави се заразени по изложување на диви птици.

Варијантата A(H5N1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни“, рече Фарар. „Се разбира, постои голема загриженост за инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе и на цицачи. Тој вирус сега се развива и развива способност да зарази луѓе, а потоа и критична способност да премине од човек на човек“, додаде тој.

Засега нема докази дека Х5Н1 се шири меѓу луѓето. Но, во стотиците случаи кога луѓето биле заразени од контакт со животни во изминатите 20 години, „стапката на смртност е исклучително висока“, рече Фарар, бидејќи луѓето немаат природен имунитет на вирусот.

Од 2003 до 2024 година, ширум светот се пријавени 889 случаи и 463 смртни случаи предизвикани од Х5Н1 во 23 земји, со стапка на смртност од 52%.

Неодамнешниот случај на човечка инфекција во САД по контакт со заразен цицач го нагласува зголемениот ризик. Кога ќе „влезете во популација на цицачи, тогаш ќе се приближите до луѓето“, рече Фарар, предупредувајќи дека „овој вирус само бара нови, понови домаќини“.

Фарар повика на зголемен мониторинг, велејќи дека „многу е важно да се разбере колку човечки инфекции се случуваат бидејќи таму ќе се случи адаптацијата на вирусот“. „Трагично е да се каже ова, но ако заболам од Х5Н1 и умрам, тоа е крајот на тоа.“

Тој исто така рече дека во тек се напори за развој на вакцина и терапија за Х5Н1 и ја истакна потребата да се осигура дека регионалните и националните здравствени власти ширум светот имаат капацитет да го дијагностицираат вирусот. На тој начин, вели тој, „ако H5N1 дојде до луѓето, со пренос од човек на човек“, светот би бил „во позиција веднаш да реагира“.

Пендаровски: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница.

На прашање на граѓанин за односите со соседите, Пендаровски потсети дека иако денес се противи, Христијан Мицкоски пред извесно време на тогашниот бугарски премиер му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство.

„Тој веројатно заборава дека интернетот не заборава, Тој може да не лаже дека не го кажал тоа, меѓутоа тој на чист бугарски јазик му вели „Ште поткрепиме тој договор, ако јас лажам, повелете на интернет, проверете. Кога Мицкоски вели дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, не сака да каже една друга негова изјава, негов став и став на неговата политичка партија, дека тие се наследници на Ванчо Михајлов. Значи вели, шефот на историското ВМРО од тоа време и денешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ се во континуитет, значи тој се смета себеси за наследник на Ванчо Михајлов. А сите вие знаете дека Михајлов целиот свој живот се декларирал како Бугарин“ порача Пендаровски.

Пендаровски пред присутните порача дека добро е Македонија што побрзо да стане земја-членка на ЕУ, затоа што тоа ќе донесе повеќе пари за земјоделството, за инфраструктурни проекти, за европски стандарди со што ќе се стави крај на иселувањето на младите.

Кандидатот за претседател Пендаровски, ги повика граѓаните на 24 април и на 8 мај да го заокружат бројот еден, за да продолжи напредокот кон ЕУ, се наведува во соопштението од неговиот тим..

притисни ентер