Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите денеска од 10 часот го полагаат вториот екстерен испит за кој можеа да избираат меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Николовски: Секој треба да тргне од личните постапки и да помогне да ја сопреме корупцијата

Со огромен ентузијазам сме во исчекување на усвојувањето на финалните документи на 25 јуни 2021. 

Чест ми е што заедно со Министерство за внатрешни работи сме домаќини на Регионален форум на кој се изготвува „Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии", организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) во партнерство со Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција (РАИ), напиша на Фејсбук заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

Николовски преку својот фејсбук статус информираше дека во наредните три дена, ќе се обидат заеднички да ги дефинираат приоритетите за борба против корупцијата и нелегалните финансии во земјите од Западен Балкан.

– Со огромен ентузијазам сме во исчекување на усвојувањето на финалните документи на 25 јуни 2021. Ова е значаен чекор напред во борбата за која треба поддршка од секого и неопходна регионална соработка. Секој може да даде придонес, секој треба да тргне од личните постапки и да помогне да ја сопреме корупцијата, наведе Николовски.

СТО: Можно производство на вакцини против Ковид-19 во Африка

Регионалните производствени капацитети и отворениот синџир на снабдување даваат можност за подобра подготвеност во идните кризни периоди.

Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО) Нгози Оконџо Ивеала потврди денеска дека африканските земји преговараат со ЕУ и други партенри за започнување производство на вакцини против коронавирусот во Јужна Африка, Сенегал, Руанда, а можеби и во Нигерија.

Таа на денешниот видео самит изјави дека се покажало оти прекумерната централизација на производството на вакцини е некомпатибилна со еднаков пристап до вакцините во кризни ситуации.

– Регионалните производствени капацитети и отворениот синџир на снабдување даваат можност за подобра подготвеност во идните кризни периоди, истакна генералната директорка на СТО.

МЗ: Починати две лица, 3 новозаболени, 15 оздравени

Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3.

Регистрирани се 15 оздравени пациенти од:

Скопје – 6, Прилеп, Битола и Кичево – по 2, Тетово, Неготино и Виница – по 1.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Направени се 1.601 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-15, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–7, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-88, Авицена-137, Биотек-177, Систина-132, лабораторија Лаор-0, Синлаб-1, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-94, ВФВ Медикал-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 910.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68643, Активни 102

Куманово 8878, Активни 34

Прилеп 8326, Активни 24

Тетово 7241, Активни 23

Битола 6304, Активни 8

Велес 5472, Активни 4

Гостивар 5181, Активни 8

Кавадарци 5153, Активни 0

Охрид 5016, Активни 14

Штип 4960, Активни 1

Струмица 4117, Активни 5

Струга 2981, Активни 1

Кочани 2792, Активни 3

Кичево 2591, Активни 20

Гевгелија 2195, Активни 2

Неготино 2184, Активни 0

Свети Николе 1523, Активни 0

Ресен 1234, Активни 0

Крива Паланка 1226, Активни 6

Радовиш 1161, Активни 2

Берово 1029, Активни 0

Делчево 973, Активни 1

Дебар 941, Активни 1

Виница 886, Активни 4

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 1

Демир Хисар 400, Активни 3

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 4

Македонски Брод 359, Активни 1

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

притисни ентер