Матески: Со број 12 за советничката листа на СДСМ, Гостивар конечно ќе тргне напред

Со расипничкиот тандем ВМРО-ДПМНЕ и АА општина Гостивар секојдневно тоне, нив не ги интересира зеленило, животна средина, чист воздух, нив не ги интересира модерна инфраструктура.

Нив не ги интересираат граѓаните, тие се водат само од сопствените себични партиски интереси, истакна носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Гостивар Станиша Матески.

Тој додаде дека СДСМ не е дел од локалната власт во Гостивар, но советниците од СДСМ секој ден, херојски се борат и ќе продолжат да се борат против неправдите нанесени на Гостиварци, ќе се борат за подобар, почист, поразвиен и поубав Гостивар.

Иако не бевме дел од владеачкото коалиционо мнозинство, сепак се изборивме и реализиравме многу проекти со поддршка на Владата, предводена од СДСМ, истакна Матески, издвојувајќи ја реконструкцијата и обновата на интерното одделение, одделението за гинекологија, хируршкото одделение, како и набавка на нови и современи апарати во ЈЗУ општа болница „Ферид Мурат" во Гостивар, изградбата на гасоводна линија до градот Гостивар, нова детска градинка со капацитет за сместување на 70 дечиња, во Горна Бањица, изградба на нова водоводна мрежа во градот Гостивар, реконструкција на повеќе регионални и локални патишта, нова спортска сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк".

Матески најави дека советничката листа на СДСМ и Коалицијата наредните години ќе се бори за реализација на многу проекти, меѓу кои и реконструкција на спортската сала „Младост" со поставување на фотоволтаични панели, проширување и целосно реновирање на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев", реконструкција на сите детски градинки и изградба на нова градинка во населба Млаки, затоа што грижата почнува од најмала возраст.

Гостивар мора да биде град во кој младите ќе ја градат својата иднина, им го должиме тоа на сите млади, порача Матески и најави дека веднаш по преземањето на функцијата ќе биде поставен службеник за млади, што досегашниот градоначалник Таравари не го стори иако е обврзан со закон.

Советничката група предводена од СДСМ, ќе се залага за субвенции за електронски уреди за ученици од основното и од средното образование, кои се жители на Општина Гостивар, за субвенционирање на дел од патните трошоци на студентите што живеат во Општина Гостивар, за стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства, со цел создавање еднаква шанса за сите млади да можат да го остварат својот целосен потенцијал, без оглед на материјалната положба, истакна Матески.

Тој нагласи дека советничката група на СДСМ ќе се залага за конечно решавање на проблемот, односно дислокација на регионалната депонија и изградба на подземни контејнери, како и одржување и зголемување на зелените површини, за почиста и поубава општина, за чист воздух.

Сега е време да се избориме и за многу повеќе зелена површина, за многу повеќе пешачки и велосипедски патеки, истакна Матески и најави проект за целосно уредување на пешачката патека долж течението на реката Вардар, од Горни полог до с. Вруток, со дополнителен плански предвиден простор за вело патеки, соодветно раззеленети и осветлени, како и за многу повеќе детски игралишта, како и за реконструкција на руинираните улици во целото градско и приградско подрачје.

Нашите Гостиварчани и Гостиварчанки заслужуваат за Градот да се грижат лица кои не се водат од сопствените себични, и лични интереси, затоа во недела заокружете го бројот 12 да го изберете најдоброто на нашата општина, за нашиот Гостивар, затоа што Гостивар, како град на пример за соживотот заслужува конечно да тргне напред, повика носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Гостивар Станиша Матески.

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер