Масовни протести во Бангкок против владата и монархијата(ВИДЕО)

Околу 20 000 луѓе протестираа во главниот град на Тајланд против владата на премиерот Прајут Чан-оке, повикувајќи на нови избори и реформи во земјата, која има закон со кој се гонат за критики и непочитување на кралското семејство.

Стотици демонстранти се собраа пред заклучените врати на универзитетот Тамасат во Бангкок, иако објавија дека нема да им дозволи да се собираат.

Вратите на факултетот им беа отворени откако пристигнаа организаторите на протестот, пишува агенцијата Dpa.

„Денес го најавуваме почетокот на победата на народот и демократијата“, изјави водачот на протестите Панупонг Јаднок пред новинарите. „Се надевам дека луѓето на власт ќе ги видат бројките на овие луѓе.Се бориме да ја поставиме монархијата на вистинското место, а не да ја укинеме“, рече Панупонг, цитиран од Ројтерс.

Демонстрантите најавија дека имаат намера да ја поминат ноќта на отворено и да се упатат кон владината палата во недела наутро.

Тајландскиот крал не е во својата татковина и поминува многу време во Европа откако го наследи својот покоен татко во 2016 година. Кралската палата не била достапна за коментар на протестите.

„Луѓето можат да протестираат, но мора да го сторат тоа мирно и според законот“, рече владиниот портпарол Ануча Бурапачаисри.

Сабота, 19 септември, е годишнината од државниот удар во 2006 година против тогаш популистичкиот премиер Таксин Шинаватра. Поради ова, многу демонстранти носеа црвени кошули кои беа знак на неговите приврзаници и се судрија со жолтите кошули, поддржувачи на естаблишментот.

„Тука сум за иднината на моите деца и внуци. Се надевам дека кога ќе умрам, тие ќе бидат на слобода “, рече 68-годишниот Тасаван Суебтаи.

Тајландската армија се претставува како бранител на монархијата и стабилноста на нацијата, и неколку пати ги задуши протестите во крв од укинувањето на апсолутната монархија во 1932 година, потсетува Ројтерс.

Прајут објави дека владата ќе дозволи протести, но дека барањата за реформа на монархијата не се прифатливи.

Демонстрантите бараат укинување на законот за неповредливост на кралот и намалување на уставните овластувања на кралот над војската.

Dpa известува дека демонстрантите бараат оставка од владата на премиерот Прајут Чан-ох, поранешен воен командант кој ја водеше земјата откако ја собори избраната влада со државен удар во 2014 година.

Портпаролот на полицијата Крисана Патаначароен изјави дека се распоредени 10.000 полицајци и додаде дека не им било наредено да носат оружје.


Дневен хороскоп за 27.октомври 2020 година

Дневен хороскоп за вторник, 27.октомври 2020 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот партнер декеска нема да покажува способност за реалност , туку обратно. Затоа сте вие тука да го спуштите на земја.

Кариера

Ќе добиете шанса да ја покажете својата прецизност. Тоа е токму она што ви треба , па со сите исли ќе го прифатите предизвикот.

Здравје и совет

Бидете отворени за секоја ситуација.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што го нема во вашите лични односи, денеска успешно ќе го надоместите со вашата фантазија.

Кариера

Оние кои работат во уметнички кругови , денеска добро ќе функционираат. Сите останати со нетрпение ќе чекаат да заврши работното време.

Здравје и совет

Не се залетувајте по нереални ситуации.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите.

Кариера

Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Здравје

Кој може , нека оди на пливање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете чувствителни и со голема потреба некој да ве прегрне. Доколку сте во врска , добро е, а ако сте сами ќе ве измачуваат мечти.

Кариера

Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе заработуваат и на црно.

Здравје и совет

Внимателно со медикаментите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои денеска ќе доживеат посебно расположение за љубв. Исто така ќе покажат наклоност за да ја идеализираат саканата личност.

Кариера

Чувствувате дека нешто се подготвува и станувате нервозни одвнатре. Држете се до проверени техники.

Здравје и совет

Намалете ги слатките во исхраната.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска тешко ќе остварите каква било рамнотежа во личните односи. најдобро ќе поминат оние кои се сами.

Кариера

Доколку денеска ви предложат некаква финансиска комбинација, поврзана со вложувања, морате да расчистите секој детал во врска со неа.

Здравје и совет

Преодна кашлица.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е преубав ден за љубов. Оние во врска ќе уживаат , а осамените секако да излезат меѓу луѓе.

Кариера

Дури денеска ќе забележите дека има мали подметнувања и зајадливи коментари од луѓето кои ви завидуваат на успехот.

Здравје и совет

Уживајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата способност за комуникации и хумор ќе бидат на завидно ниво , па ќе успеете да направите и шега на сопствена сметка.

Кариера

Додека размислувате за работата , добивате главоболка , а најмногу поради ситните работи кои никако не може да се расчистат. Опуштете се.

Здравје и совет

Потребен ви е нов режим на здрави навики.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска пријателите ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Многумина ќе го поврзат партнерот со друштвото.

Кариера

Вашите шефови ќе влечат на една, а вие на друга страна. Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи да се постигне истата цел.

Здравје и совет

Ова е ден за вашата сестраност.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе повикаат пријатели на гости или ќе отидат кај нив, па заедно ќе ја анализираат својата љубовна состојба.

Кариера

Искористете ја паузата на работното место за малку повеќе да размислите за себе и за својот начин на неприфаќање соработка со други.

Здравје и совет

Време е да пораснете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Хармонијата во емотивниот живот ќе ја стабилизира вашата врска со саканата личност . Самите секако нека излезат во друштво. Ќе им биде убаво.

Кариера

Не мора секогаш да наоѓате причина за приговор. За промена , согледувајте ги само добрите работи.

Здравје и совет

Продолжете понатаму.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ќе бидете целосно во својот свет , без доволно контакт со реалноста. На некој таквата состојба ќе им биде добра.

Кариера

Денеска подфобро да не ги презентирате своите креативни идеи , зашто би можело да дојде до недоразбирања и кавги.

Здравје и совет

Вежбајте концентрација.

За неколку недели се очекуваат тестови за коронавирусот во траење од 12 минути со 97% точност

Британската фармацевтска компанија „Бутс“ лансира нови тестови за коронавирус, чиишто резултати би се добиле за 12 минути. 

Брзите тестови преку земање брисеви првично ќе чинат 120 фунти, но се очекува цената да падне доколку побарувачката е голема. Овие тестови при испитувањата покажале точност од 97% и ќе бидат достапни на места избрани од страна на компанијата за неколку недели.

Услугата е наменета пред се за лица кои немаат симптоми на вирусот, но сакаат да бидат мирни пред да го видат семејството или пријателите.

Oвие тестови може да се користат и кај патници кои летаат во странство. „Бутс“ исто така нуди и 48-часовно тестирање на 10 локации во Лондон, Бирминген, Манчестер, Единбург и Глазгов, а планира истото да го прошири во над 50 филијали низ Велика Британија.

Извршниот директор на „Бутс“, Сeб Џејмс, изјави дека уредите LumiraDx брзо ги обработуваат тестовите така што клиентите ги добиваат резултатите истиот ден. Тој исто така изјави дека компанијата уште од почетокот ја поддржала владината програма за тестирање на Ковид-19, а нудењто на оваа услуга во аптеките е следниот чекор во напорите да се борат против пандемијата, така тие би овозможиле да се намали притисокот врз NHS (Националниот здравствен сервис).

Модел снима од нејзиниот заден џеб да види колку луѓе зјапаат во неа (видео)

Откако го видела трендот на Тик Ток, моддлот Алексис Морган решила да го стави телефонот во задниот џеб за да може да снима додека се шета. 

Идејата била снименото видео да покаже колку луѓе, воглавно мажи, зјапаат во личноста додека ги вршат секојдневните работи.

Оваа 24-годишна девојка од Мајами, Флорида, открила дека различни мажи го креваат погледот за да ја видат одзади. Во една од снимките, мажите ги вртат главите за 180 степени, дури и заземаат позиции за подобро да ја видат Алексис. Други пак, и даваа знак на одобрување додека минувала покрај нив. Еден маж се приклештил на подот и ја завртел главата за подобро да ја види Алексис, а двајца мажи во ресторан подзинале додека ја гледале.

Алексис тој тренд го воведе на нејзиниот профил на Инстаграм каде има 4 милиони следачи.

Моделот исто така ги забавувала снимките за да го фати погледот на мажите кои зјапале во неа, но ги додала и гласовите за да се пошегува со сето ова.

притисни ентер