Масовни протести и нереди во Франција по зголемувањето на границата за пензионирање

Демонстрантите повторно се судрија со полицијата во центарот на Париз поради пензиските реформи на француската влада.

Илјадници демонстранти палеа огнови, а некои фрлаа петарди кон полицијата, која употреби солзавец за да ги растера. Полицијата изврши десетици апсења за време на немирите на плоштадот Конкорд, недалеку од зградата на парламентот. Протести вчера се одржаа и во други градови, особено Бордо, Тулон и Стразбур.

Ова беше втора ноќ на немири откако претседателот Емануел Макрон одлучи да ги протурка контроверзните реформи за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години без гласање во парламентот.

Како одговор на тоа, против неговата влада се поднесени барања за гласање недоверба. Марин Ле Пен, лидерка на пратениците од националниот собир во парламентот, ја нарече одлуката да се протуркаат пензиските промени „тотален неуспех за владата“.

Владата рече дека промените во пензискиот систем се од суштинско значење за да се осигура дека не е преоптоварен и да се спречи неговиот колапс.

Шекил ги загрижи фановите, објави фотографија од болнички кревет

Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, легендарниот Шекил О'Нил ја загрижи јавноста со последната фотографија од болница која ја објави на Твитер.

Шек објави фотографија на која лежи на болнички кревет со порака дека слуша подкаст што го водат Ерни Џонсон и Кендис Паркер.

Американските медиуми не знаат што се случило со познатиот кошаркар и засега само шпекулираат. О'Нил на Твитер објави дека треба да внимавате на пилешко на скара, па некои медиуми пишуваат дека бил отруен, а други тврдат дека го оперирал колкот. Засега сето тоа е непотврдено.

Тејлор Свифт со еден потег на сцената ги шокира фановите: Дали ѝ е добро? (ВИДЕО)

Тејлор Свифт ги воодушеви обожавателите на нејзините први два настапи на нејзината многу очекувана турнеја The Eras, но ги изненади фановите со еден потег.

Пејачката за време на настапот скокна од сцената и „нурна“ под неа, а снимката од тој момент стана вирален хит.

„Ова е најлудото нешто што сум го видел“, „Зошто пливаше, дали е добро?“, „Дефинитивно најдобриот момент на концертот“, „Сè уште не ми се верува дека Тејлор го направи тоа“, се само некои од реакциите на Твитер.

Малку подолго видео беше објавено и на TikTok и за кратко време собра повеќе од 15,6 милиони прегледи. „Таа навистина реши да ја надомести целата таа драма со билетите“, „Не ми се верува дека можеше да го задржи здивот толку долго“, „Во што скокна?“ се само дел од коментарите на корисниците.

@awkwatree The most impressive moment from @taylorswift ‘s #theerastour ♬ original sound - Awkwatree

Инаку, Тејлор на концертот во петокот изведе 44 песни, нови и стари, а на стадионот State Farm во Аризона се собраа околу 80.000 фанови. Американскиот град беше преименуван поради овој концерт. Турнејата на Тејлор Свифт го собори рекордот по бројот на продадени билети за концерт од уметник за еден ден. Продадени се дури 2,4 милиони.

Пејачката последен пат беше на турнеја пред пет години и за тоа време објави четири албуми, меѓу кои и „ Folklore“ ,добитник на Греми. Покрај тоа, само еден ден пред почетокот на турнејата, Свифт објави четири нови песни.

И покрај големиот интерес и пофалби од фановите, турнејата на Тејлор Свифт не помина без скандали. На почетокот на декември минатата година, обожавателите на пејачката поднесоа тужба против Тикетмастер, американска компанија за продажба и дистрибуција на билети.

Тие го обвинија Ticketmaster за „измама, местење цени и кршење на антимонополските права“. Тужбата, исто така, го обвини Ticketmaster за „намерна измама“ што им овозможи на препродавачите и ботовите да земат поголем дел од билетите за турнејата The Erasе.

Тејлор Свифт претходно им се извини на обожавателите, велејќи дека е болно да се гледаат фановите како се мачат да обезбедат билети за нејзината турнеја во САД преку платформата Ticketmaster, на која билетите се продаваат за дури 33.000 евра.

Амазон објави планови за укинување на 9.000 работни места

Според извршниот директор на Амазон Енди Џеси., компанијата планира да отпушти дел од вработените во наредните недели. 

Според Блумберг, кратењата пред сè ќе се одразат на центарот за обработка на податоци на Amazon Web Services, кој обезбедува услуги од областа на компјутерски облаци, човечки ресурси, рекламирање и групи од сервисот за пренос во живо Twitch.

Амазон претходно планираше да укине повеќе од 18.000 работни места. Компанијата речиси двојно го зголеми бројот на вработени во изминатите две години, бидејќи побарувачката за онлајн услуги се зголеми поради пандемијата на коронавирус. Сепак, растот на приходите на компанијата забави со укинувањето на рестрикциите.

притисни ентер