Масовни апсења на демонстрантите во Минск(ВИДЕО)

Белоруската полиција денеска изврши масовни апсења на учесниците на протестот на опозицијата во Минск, а луѓето бегаа во околните дворови за да се сокријат.

Полициски автобуси со затемнети прозорци биле паркирани долж Авенијата на независност во тој град, пренесува ТАСС.

Руската агенција претходно објави дека полициските кордони ги запреле учесниците на Маршот на солидарноста, кој собра илјадници луѓе, во близина на Плоштадот на победата.

Демонстрантите застанале на неколку метри од полицискиот кордон, извикувајќи: „Ова е нашиот град“.

Ројтерс претходно објави дека белоруската полиција уапсила повеќе од 10 учесници на антивладините демонстрации во Минск.

По спорните претседателски избори во Белорусија, одржани на 9 август, во таа земја избија масовни протести поради наводната кражба на изборите, како и демонстрантите кои побараа оставка од претседателот Александар Лукашенко, кој според официјалните резултати извојува убедлива изборна победа.

Во Грција се воведува полициски час во Атина и други жаришта

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави воведување полицискиот час од 30 минути  по полноќ до 05:00 часот наутро во регионите најсилно погодени од новиот коронавирус како и носење маски на отворено.

Во телевизиско обраќање Мицотакис нагласи дека ќе се воведе ноќен полициски час во областите што припаѓаат на нивоата три и четири со ризик како што се Атина, Солун, Јанина, Закинтос и други жаришта.

Во Грција вчера беа регистрирани 882 инфицирани од коронавирусот од дргите земји во регионот во Босна и Херцеговина беа регистрирани 999 новозабоолени, во Бугарија 1595 , а во Словенија 1 663.

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Октомври

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. 

Во рамки на одбележувањето на државниот празник, делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска положуваат свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје и Спомен куќата на Петар Поп Арсов во с. Богомила. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст на честитката од претседателот Пендаровски.

Почитувани сограѓани,

Ви го честитам 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од праведни идеали и принципи што, во нашиот регион, беа пред своето време. Тоа беа идеали за слободна македонска република, втемелена врз демократски принципи, во која ќе има соживот меѓу различните етнички, верски и јазични заедници. На нив се надоврзаа илинденците и антифашистите кои се бореа и се изборија за нашата слобода и државност.

Денес, 127 години подоцна, наша генерациска должност не е само да ги чуваме придобивките на нашите предци, туку и да го направиме следниот чекор. Да ја градиме Република Македонија во напредна европска држава со функционални и одговорни институции, со владеење на правото и со слободно и инклузивно општество.

Годинава, празникот го одбележуваме во услови на глобална пандемија со КОВИД-19, која нè потсети колку е испреплетена нашата судбина и колку ние луѓето сме ранливи, независно од нашите етнички, верски, политички и социјални разлики. Овој предизвик што ги надминува нашите разлики е истовремено и можност преку солидарноста да постигнеме граѓанско помирување кое ни е толку непходно. Солидарноста мора повторно да стане наша врвна индивидуална и општествена доблест. Само ако се грижиме едни за други, само ако државата се грижи за секој свој граѓанин, ќе има надеж за Република Македонија.

Нека ни е честит 23 Октомври!

Стево Пендаровски

СДСМ: Просечната плата во август зголемена за 9,6 отсто

Мерките и политиките на СДСМ обезбедуваат раст на платите и во време на криза.

Во екот на најголемата светска здравствена и економска криза, од која не е поштедена ниту нашата земја, ефикасните и навремени антикирзни мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат раст на платите.

Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика изнесувала 27.535 денари.

Платата во август, и во услови на најголемата криза во светот, по втората светска војна, е зголемена за 9,6 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Од јуни 2017 година, кога СДСМ застана на чело на Владата, просечната плата во државата порасна за 4.727 денари.

СДСМ преку бројни мерки и политики, во изминатиот период покажа што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата, за државата.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните и на стопанството.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер