Маскирани лица го симнаа црковното и поставија албанско знаме пред црквата на Шапка (ВИДЕО)

Свештеник пријавил во полиција дека непознати лица го симнале црковното знаме од јарбол на црковниот имот на Попова Шапка.

Две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија. информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за расчистување на случајот. /МИА

Нетанјаху ќе се сретне со Бајден

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во текот на неделата ќе се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден во Белата куќа, изјави неименуван американски извор.

Средбата ќе се одржи како што е планирано и покрај повлекувањето на Бајден од претседателската трка, изјави анонимен американски функционер. Сè уште не е утврден точниот датум бидејќи Бајден заздравува од Ковид-19.

Нетанјаху на 24 јули треба да се обрати во Конгресот. Се очекува тој да се сретне и со потпретседателката Камала Харис.

Јанчев: Спроведено второ авионско прскање против комарци

Утринава беше спроведено второто авионско прскање против комарци, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Со третирањето беше опфатено течението на реката Луда Мара од с. Марена, целото градско подрачје, с. Ваташа па се до брана Моклиште.

Изведувач на работата е фирмата Бониер од Куманово, напиша Јанчев на социјалните мрежи.

Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го врачи денеска вториот мандат за формирање влада.

Се очекува мандатот да биде доставен претпладнето и веднаш да го врати втората по големина пратеничка група во Народното собрание - „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ).

Според одредбите од бугарскиот Устав, по враќањето на тој мандат за формирање влада, претседателот на државата во рок од седум денови и наложува на следната по бројност пратеничка група да предложи кандидат за премиер.

Во случај и тие да не успеат да формираат редовен кабинет, претседателот закажува нови избори и именува нов привремен кабинет.

притисни ентер