Марковска: Ова е моментот кога треба да се почне! - Канал 5

Марковска: Ова е моментот кога треба да се почне!

„Ако постои Влада како политичка волја и Собранието сака да ги искристализира законите кои можеби во некои делови се можеби двосмислени, мислам дека има можност за нов почеток“

Марковска: Ова е моментот кога треба да се почне!

Корупцијата најпрво е во обвинителството, понатаму во судските ограни, и веројатно во секој од нас. Станавме држава на апатија и очајни „десперадоси“ кои креваат раменици и велат никој никому ништо не му може. Не може на локалните шерифи кои се приклонуваат на секој што ќе дојде на власт заради тоа што е примамливо за власта, а тоа се парите. Овој пат навистина се надевам и верувам на зборовите на Премиерот Мицкоски дека има една силна политичка волја која што секогаш недсостасувало ова дно на дното кое што ние го допревме, да од некаде се почне. Ова е моментот кога треба да се почне, не само во оваа сфера. Мислам дека расчистувањето од некаде треба да почне, пред се' од самите нас -да се запрашаме каде јас грешам, што можам јас да направам. Ако постои Влада како политичка волја и Собранието сака да ги искристализира законите кои можеби во некои делови се можеби двосмислени, мислам дека има можност за нов почеток, вели Ѓулистана Марковска во Само Вистина.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто - ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. Останатите две водечки стапки - основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни средства - исто така се намалени за 0,25 процентни поени - соодветно до 2,40 проценти и 2,65 проценти.

Ова го засили трендот на намалување на каматните стапки, кој почна во јуни минатата година.

Состанокот за монетарната политика на ЕЦБ се одржа во момент кога траат тензиите предизвикани од царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. И иако стапувањето во сила на дел од нив е одложено, економската состојба останува неизвесна./МИА

UOL: Клоп би можел да ја продолжи тренерската кариера во Бразил или Реал

Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп би можел да ја преземе бразилската репрезентација или Реал Мадрид, пренесува „UOL“.

UOL: Клоп би можел да ја продолжи тренерската кариера во Бразил или Реал

Според бразилската медиумска компанија, Клоп се чувствува многу исцрпен во својата позиција како глобален фудбалски шеф во Ред Бул. Забележано е дека Клоп е подготвен да ги разгледа опциите за продолжување на тренерските активности.

Педесет и седумгодишниот Германец своите должности како глобален шеф на Ред Бул ги презема на 1 јануари 2025 година.

Како тренер работеше во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул. /MИА

Гроси: Гуклеарен надзорен орган на ОН треба да учествува во преговорите меѓу Иран и САД

 Гроси изјави дека нуклеарниот надзорен орган на ОН треба да има улога во преговорите за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и Вашингтон пред вториот круг разговори меѓу двете земји.

Гроси: Гуклеарен надзорен орган на ОН треба да учествува во преговорите меѓу Иран и САД

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека нуклеарниот надзорен орган на ОН треба да има улога во преговорите за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и Вашингтон пред вториот круг разговори меѓу двете земји.

Гроси, кој вчера пристигна во Техеран, разговараше со министерот за надворешни работи Абас Арагчи и со шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, за начините на кои МААЕ може да ги поддржи нуклеарните преговори меѓу Техеран и Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го бомбардира Иран доколку преговорите не успеат.

„Во контакт сум со американскиот преговарач за да видам како агенцијата може да стане мост меѓу Иран и САД и да помогне да се постигне позитивен исход во преговорите“, рече Гроси, прецизирајќи дека за да биде валиден секој нуклеарен договор, потребна е верификација од МААЕ.

Фото: ЕПА

притисни ентер