Маркоска: СДСМ работи за граѓаните, се грижи за стандардот и се справува со кризата

Има голема разлика која што овие денови стана уште повидлива, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ .

СДСМ работи за граѓаните, се грижи за стандардор и се справува со кризата. ВМРО ДПМНЕ се обидува да кочи, да блокира, на штета на граѓаните и државата.

Во време на најголема светска економска криза Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство спроведуваат ефикасни решенија за заштита на животниот стандард и помош за компаниите.

Мерките вредни 400 милиони евра дадоа резултат.

Во период од само два месеци ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, обезбедивме дополнителна финансиска помош од по 1.000 денари месечно за пензионерите и примателите на социјална помош, а заедно со здруженијата на пензионерите договоривме нова методологија за рекорден раст на пензиите.

Во време на криза, ги намаливме трошоците на семејствата и компаниите преку намалување на ДДВ и акциза за горивата и преку субвенционирање на цената на електричната енергија.

Покрај мининалната, и просечната плата успеавме да ја зголемиме до речиси 30.000 денари.

И додека СДСМ ги зголемува платите и пензиите и помага на економијата, ВМРО-ДПМНЕ се противи на секој денар кој завршува назад кај граѓаните и компаниите.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се противеа на зголемувањето на минималната плата, на покачување на пензиите, на проектот Мој ДДВ, се противеа на поголеми субвенции за земјоделците.

Од таквото антинародно однесување, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува.

Наместо конструктивност и соработка, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја блокираат работата на Собранието и да кочат важни закони за граѓаните.

Помина една недела и ништо не се постигна. Само се одолговлекуваше усвојувањето на дневниот ред.

На крајот се загубија драгоцени денови на снетка на граѓаните, но дневниот ред се усвои, собраниската седница продолжи.

Не доби ВМРО ДПМНЕ ништо, ниту нешто постигна.

ВМРО-ДПМНЕ само потврди дека се однесува неодговорно, во време на криза се обидува да ја закочи работата на институциите и да нанесе штета на граѓаните и домашната економија.

Но тоа не се случи, блокадата не успеа. СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство и граѓаните тоа не го дозволи.

Ќе ги надминеме сите обиди за блокади на опозицијата и потребните законски решенија ќе бидат донесени.

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович

Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович.

-Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против Укаина. Веднаш по неговото неправедно и незаконско задржување тој од затворот испрати писмо до своето семејство, изјави претседателот на САД.

Во писмото новинарот напишал дека „не губи надеж“.

-Како што им кажав на родителите на Иван, јас исто така не губам надеж. Ќе работиме секојдневно да издејствуваме негово ослободуање, рече Бајден.

Тој вети дека САД и понатаму ќе ги осудуваат и ќе воведуваат мерки „за обидите на Русија да ги користи Американците како монети за размена“.

Гершкович беше задржан лани во март. Оттогаш е се уште во притвор и чека судење по обвинение за шпионажа, што е категорично отфрлено од него, неговиот работодавач и владата на САД.

Во случај да биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на 20 години затвор./МИА

притисни ентер