Марија Шерифовиќ: Сакам секс со постари жени?!

Српската пејачка Марија Шерифовиќ во документарниот филм „Исповед“ признава дека е бисексуалка, пренесуваат српските медиуми. Иако за нејзината сексуалност се води дебата уште од почетокот на нејзината кариера, во овој филм таа прв пат јавно говори за својата интима.

„Марија во филмот открива дека е бисексуалка и дека сака постари жени. Дури повеќе имала сексуални односи со нив, отколку со мажи“, открива за српски Курир личност која учествувала во реализацијата на проектот.

Што се подразбира под тоа „постари жени“, останува отворена тема за размислување. Медиумите често пати победничката на Евросонг ја доведуваа во врска со атрактивни девојки кои генерациски и се блиски.

Марија не сакала да даде коментар на темата, исто така и нејзиниот менаџерски тим останал без одговор за овие наводи. Се ќе остане енигма до 25 ноември за кога е закажана прес конференција по повод премиерата на овој интригантен документарен филм која ќе биде на 27 ноември во Сава центар.


Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер