Марихуаната е најчестата употребувана дрога во Македонија, покажува извештајот на ИЈЗ - Канал 5

Марихуаната е најчестата употребувана дрога во Македонија, покажува извештајот на ИЈЗ

Марихуаната е најчестата употребувана дрога во Македонија, покажува извештајот на ИЈЗ
Марихуаната е најчестата употребувана дрога во земјава, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје, кој е дел од европското веб истражување за дроги за минатата година во земјава. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Нови правила на популарните европски туристички дестинации: забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците

Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија...

 Нови правила на популарните европски туристички дестинации: забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците

Летово носи, меѓу другото, и нови правила на популарните европски туристички дестинации. Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија, „пикник“ и друго, сѐ тоа со високи казни за прекршителите.

Малото крајбрежно гратче Портофино на италијанската ривиера, познато по луксузните јахти и гламур, одлучи да забрани цела низа однесувања што до неодамна беа вообичаени кај туристите. Отсега, имено, на посетителите веќе нема да им биде дозволено да одат боси, ни само во костим за капење или пак, без кошула, ниту да седат на плоштадот во таква облека. Консумирањето алкохол на јавни места, исто така, е забрането, освен во ресторани, барови и посебни зони, пренесува „Дејли мејл“. Просењето, лежењето или седењето на плочници, ѕидови и во парковите, како и одржувањето излети на јавна површина, исто така, се забранети.

Правилата, потпишани од градоначалникот Матео Вијакава, важат преку целата летна сезона до 30 септември. Прекршителите ќе плаќаат казни во износ од 26 до 510 евра.

Целта на овие мерки, според Општината, е да се зачуваат „мирот и тишината“ во градот, којшто има само 400 жители, но прима до 100.000 туристи во шпицот на сезоната. Ова не е прв обид - минатата година, Портофино забрани запирање заради подолго набљудување на популарни места - за да спречи толпи и несоодветно однесување.

Сличен е случајот и во Албуфеира, позната дестинација за забави на југот од Португалија. Градскиот совет неодамна воведе Кодекс на однесување што вклучува строги забрани за јавна голотија, секс на отворено, прекумерна бучава, јавно уринирање и пиење алкохол на улиците. Мерките беа воведени по низа несакани настани, каков што е минатогодишното вирално видео на осум британски туристи кои танцуваат целосно голи во кафуле во средиштето на Албуфеира сред бел ден. Градоначалникот Хозе Карлос Роло изјави дека правилата имаат за цел „да поттикнува хармонија“ меѓу тамошното население и туристите и „да го поправи оштетениот имиџ“ на градот.

За најсериозните прекршоци - како што е целосно соблекување или сексуален чин на јавно место - казните се движат од 500 до 1.770 евра. За делумна голотија, мокрење на јавно место или оставање количка од супермаркет на несоодветно место, казните се движат од 300 до 1.500 евра.

Европа станува построга кон туристите

Портофино и Албуфеира не се изолирани случаи. И други европски дестинации ги заоструваат своите правила: Говорејќи за Италија, Рим, на пр. го забрани капењето во фонтани; во Венеција, излетите на мостови и кај спомениците се строго забранети, а на островот Капри, на туристите не им е дозволено да носат „бучни“ сандали.

Со сѐ поголемиот број туристи, се зголемува притисок врз околните заедници, па и правилата на однесување на одмор ќе станат построги, а трошоците за нивно непочитување - поскапи.

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

 Проектилите за противвоздушните одбранбени системи „Патриот“, наменети за Украина, веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

– Веќе се испраќаат, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање во воената база Џојнт Бејс Ендрјус во Мериленд. - Тие се испорачуваат од Германија, а потоа Германија ги надоместува резервите. Во сите случаи, САД се целосно обештетени, додаде тој.

Изјавата доаѓа во период на засилени руски напади врз украинските градови, поради што Киев бара дополнителни системи за воздушна одбрана, особено од САД. Портпарол на германската влада во понеделникот соопшти дека европските сојузници разговараат за испорака на повеќе од три системи „Патриот“ за Украина.

Трамп појасни дека овие испораки се дел од нов аранжман според кој членките на НАТО и ЕУ купуваат американско оружје, дел го испраќаат во Украина, а потоа ги обновуваат залихите со поддршка од Вашингтон. – Секогаш си ги добиваме парите назад, целосно. Во некои случаи, земјите-членки на ЕУ директно ни го враќаат износот, нагласи Трамп.

Новите пратки оружје пристигнуваат само два дена откако Трамп ѝ постави ултиматум на Москва, предупредувајќи дека САД ќе воведат „строги“ царини ако Русија не се согласи на мировен договор во рок од 50 дена.

Кремљ претходно ги нарече предложените царини „сериозни“, со оценка дека Москва ќе има потреба од време за да ја анализира пораката од Вашингтон.

Американскиот претседател исто така изјави дека не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин откако САД на 14 јули воведоа нови санкции против Русија.

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици, откако Врховен ја укина претходната второстепена одлука.

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда и го врати случајот на повторно судење.

Одлуката, како што информираат од Апелација е донесена на јавна седница одржана на ден 11.06.2025 година постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 481/25.

-Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци, се вели во соопштението од Апелација.

[Сите јавни седници и расправи закажани за следната недела во Кривичниот оддел на Апелацискиот суд Скопје се одлагаат, информираат денеска од Апелација.]

Вака донесената одлука со образложени причини за истата, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Апелациониот суд Скопје во февруари годинава ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за претходното дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом и се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци, но Врховниот суд на 7 мај ја укина пресудата од 3 години и 10 месеци затвор во второстепената постапка и случајот го врати на повторно судење.

На 13 мај Васил Јованов, беше осуден на казна затвор од 12 години врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

притисни ентер