Маричиќ: Украинската криза е повик за потврдување на европската перспектива на регионот

„Украинската криза би требало да биде повик за будење на Европската Унијата и повик за поголем ангажман и посветеност на Западен Балкан, да делува активно за да биде јасна нашата европска перспектива".

Ова го изјави заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во изјавата за српската агенција „Танјуг".

Маричиќ додаде дека од почетокот на формирање на новата Влада се водат интензивни разговори со Бугарија и се работи на реформскиот план со цел преговорите да започнат што е можно поскоро.

„Не се врзуваме со датуми, но очекуваме да се искористи лидерството на претседателот Макрон и на Франција за време на нивното претседателство и да ги започнеме преговорите, бидејќи 17 години сме држава кандидат, ги исполнивме сите услови и реално го заслужуваме тоа, но сепак останува одлуката на Унијата, рече Маричиќ.

На прашањето за иницијативата „Западен Балкан", вицепремиерот посочи дека тоа е добра иницијатива која треба да се надоградува и смета дека треба да се вклучат Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, и заедно да покажат како регион дека може да се направат позитивни работи за граѓаните.

„Многу е важно да им покажеме на граѓаните дека државите од регионот, Македонија, Србија и Албанија можеме да им го олесниме животот на граѓаните и да ги направиме младите професионалци мобилни во целиот регион. „Зелените коридори" вистински профункционираа и многу помогнаа во оваа криза за бизнисот и снабдувањето со основните намирници да се олесни и треба да бидеме благодарни на таквата можност, да можеме да го задржиме нивото на снабдување на сите производи, токму поради таа соработка", истакна во интервјуто за „Танјуг".

Британски новинар ќе објави книга за Меган Маркл: Дознав неверојатни работи

Меган Маркл и нејзините адвокати правеле се што можат за да го саботираат пишувањето на книгата.

Принцот Хари не е единствениот кој ќе објави книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, пишува „Дејли меил“.

Бауер вели дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена оваа есен.

- Дознав работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе биде полоша, но во секој случај тоа ќе биде големо изненадување – вели Бауер.

Нему му било тешко да дојде до информации, вели тој, бидејќи луѓето најчесто не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле се за да го саботираат пишувањето на книгата.

Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби бидејќи не воведовме санкции кон Русија

Српската премиерка Ана Брнабиќ во изјави дека честите дојави за бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи таа не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. „Овие дојави за бомби се и притисок од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми, пренесе Н1.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

притисни ентер