Маричиќ-Сарацин: Македонскиот идентитет е заштитен

Владините позиции се содржани во францускиот предлог.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и специјалниот пратеник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин на заедничката прес-конференција, која се одржа по работниот состанок, испратија пораки за поддршка на прифаќањето на новиот француски предлог, потенцирајќи дека во него се содржани забелешките и позициите на македонската страна за зачувување на идентитетот, како и за важноста на отпочнувањето на пристапните преговори сега.

- Ние имаме два клучни интереси во целиот овој процес, едниот е да го зачуваме нашиот идентитет и јазик, и вториот да станеме членка на ЕУ, и двете се многу важни за граѓаните. За ова се грижевме бидејќи сме сметале дека е можно и да го зачуваме јазикот и идентитетот и да станеме членка на Европската Унија. Да станеме членка на ЕУ како Македонци кој говорат македонски јазик и од таа цел нема да се откажаме, рече Маричиќ.

Сарацин се повика на новата геополитичка ситуација и важноста од обидинување на Европа со државите од Западен Балкан, додавајќи дека нападот на Руската федерација врз Украина покажува колку е важно да се решаваат проблемите и колку е важно заеднички да се организираме.

- Можам да кажам, ова е момент кој носи одредена надеж во себе. Имам чувство дека вратата за да се напредува во процесот на ЕУ за Северна Македонија е сега толку широко отворена како што не беше долго време и знам дека за да се помине низ оваа врата не е толку лесно и дека тоа е одлука на вашата политика и на вашата земја, но посакувам заедно да можеме да одиме по овој пат бидејќи се наоѓаме во едно време коешто претставува пресврт, посочи Сарацин.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека Владата од самиот почеток покажа особен интерес за надминување на отворените прашања со Бугарија со силна посветеност и водење искрен и отворен дијалог, што беше добар сигнал за ЕУ.

- Водени исклучиво од интересот на државата и граѓаните, горд сум што изнајдовме компромисно решение со кое ги одбранивме нашите црвени линии и на достоинствен начин го направивме нашиот јазик и идентитет европски. Темата со Бугарија трае веќе 2-3 години и мислам дека ние 17 години чекајќи сме изгубиле многу време, не по наша вина, меѓутоа не би сакале сега во овие денови по наша вина да ја пропуштиме оваа прилика. И затоа интензивно разговараме со сите, додаде Маричиќ.

Сарацин е согласен дека Владата навистина интензивно преговараше и компромисот којшто сега е на маса смета дека е навистина компромиси шанса, бидејќи во него се земени предвид барањата на владата на Македонија, што според него е знак дека Европа може да функционира тука.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

Генчов: Лидерот што ќе ги поврзе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе влезе во историјата

Сотир Костов и Александар Генчов, гости во Само Вистина.

Генчов:

Македонија и Македонскиот народ не можат веќе да издржат две големи партии. „Едното општество за сите“, нешто што требаше да биде врвно достигнување на западната Алијанса, се претвара во армагедон за Македонците. Прашање на ден е кога ние ќе треба да си бараме Рамковен договор. Историско обединување е кога ќе се обединат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Лидерот што ќе ги поврзе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе влезе во историјат, тоа е тешко но лидерот се познава по „тешките работи“. Сега се' е во рацете на Мицкоски, тој води кај Македонците, сакале да признаеме или не, обединувањето е во рацете на Мицкоски. Македонизмот многу подобро ќе се развива доколку сме во добри односи со Бугарија и Грција и како дел од ЕУ. Надвор од ЕУ ние ќе се претвориме во православни Албанци.

Костов:

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат соговорник од „другата страна“, немаше комуникација со Ковачевски па така ни се роди Француската рамка. Во Македонија има еден, не два народа, согласно уставот има само делови од народ. Според нановите податоци, не е така црна сликата и Албанската жена не е само таа што раѓа. Демогравски Македонци има 65%, Албанците се околу 25% и другото припаѓа на останатите малцинства.

Германците се противат на казнените царини за кинеските електрични автомобили

Германските производители на автомобили се противат на можните европски казнени царини за увоз на електрични автомобили од Кина.

Германското здружение на автомобилската индустрија (ВДА) повика на подготвеност да се вклучат во дијалог од двете страни со цел да се избегне оштетување на развојот на секторот.

„Мерките против субвенционирање, како што се дополнителните тарифи, нема да ги решат предизвиците за европската и германската автомобилска индустрија. Напротив, целта на компензаторните давачки предвидени од Европската комисија брзо може да има негативен ефект“, изјави претседателката на VDA, Хилдегард Милер за неделното издание на весникот Ди Велт.

Според неа, трговскиот конфликт би ја загрозил и трансформацијата кон електромобилност и дигитализација.

Од минатата есен, Европската комисија истражува дали електричните автомобили во Кина имаат нелегални субвенции. Според Комисијата, кинеските електрични возила обично се околу 20 отсто поевтини од моделите произведени во ЕУ, пишува Seebiz.

Истрагата против субвенционирање сега може да доведе до наметнување казнени тарифи. Прелиминарниот оглас на комисијата е планиран за 5 јуни.

Според Центарот за истражување на автомобили со седиште во Дуизбург, германските производители на автомобили продаваат 30%-40% од своето производство на кинескиот пазар.

Во случај на европски казнени царини, тие производители би можеле да бидат првата цел на можните кинески контрамерки.

притисни ентер