Маричиќ: Постојаната поддршка од ЕК е гаранција за трасирање на европскиот пат

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со Герт Јан Копман - Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР).

На состанокот, Вицепремиерот водеше суштинска дискусија што ги нагласи повеќекратните придобивки на идното членство на Македонија во ЕУ, како за граѓаните, така и за европската заедница.

Копман: „Вклучувањето на Македонија во Европската Унија не е само прашање од геополитичко значење, туку сведоштво за заедничките вредности на демократијата, стабилноста и просперитетот што ЕУ ги застапува. Тоа претставува можност за Македонија дополнително да ги зајакне своите демократски институции, да го подобри економскиот развој преку Планот за раст, како и да ја поттикне регионалната соработка“.

Маричиќ: „Наша цел е полноправното членство во ЕУ, процесот на пристапувањето бара посветеност, реформи и соработка. Македонија постигна значителен напредок во исполнувањето на критериумите поставени од ЕУ и императив за да продолжиме да работиме заеднички, до реализација на заедничката визија за обединета и просперитетна Европа“.

Герт Јан Копман и Бојан Маричиќ ја нагласија посветеноста на двете страни да го поддржат и да се залагаат за пристапување на Македонија во Европската унија. Таа служи како доказ за заедничките напори кои се во тек за да се обезбеди европска иднина за Македонија и развој на регионот, соопштуваат од СЕП.

Заврши драмата во Италија: По 44 часа закана, момче се откажа до намерата да скокне од балкон

Млад човек (23) од Пескара, Италија, кој се заканувал дека ќе скокне од терасата на својот стан, по 44 часа преговори се откажал под изговор дека е уморен.

„Доста ми е, уморен сум“, им рекол на полицајците и се симнал од оградата на терасата на која балансирал речиси два дена, објави АНСА.

Момчето од 28 февруари во 14 часот и 30 минути стоело на работ од оградата на терасата, а причините се уште не се познати.

Откако се симнал, влегол во куќата и им ја отворил вратата на специјалците на кои им рекол дека му е доста. Го завиткале во ќебе и заедно со кучето го извадиле од станот.

Екипата на итната помош му пружила соодветна нега и тој е префрлен во болница.

Георгина направи фустан од дресот на Роналдо и прошета по модната писта (ФОТО)

Георгина Родригез, партнерката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, привлече големо внимание на Модната недела во Париз поради изборот на облека во која прошета по пистата.

Оваа шпанска убавица вчера вечер беше на модната писта, на ревијата на Vetements, облечена во фустан од дресот на Роналдо со потпис и посебна посвета на актуелниот играч на Ал Наср.

Медиумите пишуваат дека овој фустан е пример за „блоккор“ кој комбинира спортска мода со урбана облека, а на задната страна пишувало:

- За љубовта на мојот живот, Георгина и Ветементс - потпишан од Кристијано Роналдо.

На Георгина, инаку, не и е непозната Модната недела, бидејќи претходно присуствувала на некои од најголемите модни ревии. Сепак, ова е прв пат да прошета со некој од брендовите. Сите се согласуваат дека нема да и биде последен настап.

Во сообраќајка кај Колари синоќа загина 46 годишник од Скопје, со возилото излетал од патот

Во сообраќајна несреќа вчера околу 18 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар кај селото Колари животот го загуби 46 годишник од Скопје, откако со возилото што го управувал излетал од патот. 

Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка во автомобилот.

-На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираше СВР Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево.

притисни ентер