Маричиќ по средбата со Лајчак: ЕУ помага да се забрза пристапниот процес

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ после средбата со Мирослав Лајчак, на својот Фејсбук профил напиша дека Европската Унија работи на планот за забрзување на евроинтеграцијата на регионот .

Маричиќ после средбата со Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, на својот Фејсбук профил напиша дека Европската Унија работи на планот за забрзување на евроинтеграцијата на регионот и дека преземените обврски мора да се исполнат, бидејќи е важно пристапните преговори со ЕУ да завршат побрзо.

- Позитивна е атмосферата во Брисел за проширувањето и државите членки на ЕУ ја поддржуваат нашата евроинтеграција, политички момент кој мораме да го искористиме со поголема самодоверба и силна одлучност од сите. Државен геополитички интерес и наша главна цел е членството во ЕУ, затоа наша должност е да останеме на патот по кој веќе успешно чекориме, вели Маричиќ.

Од страна на Лајчак било потврдено дека ЕУ помага да се забрза и достигне членството и затоа ние мораме поскоро да донесеме одлука во наша корист и да не дозволиме да се плашиме за својата иднина, поради внатрешни фактори.

Посебен акцент на средбата бил ставен на преговарачкиот процес на Македонија и следниот чекор кој води кон нов напредок и целосно навлегување во преговорите по Кластери, што како што вели Маричиќ ќе наметне и ново темпо на реформите.

- Владата има волја да ги исполни своите задачи, нашите европски партнери и граѓаните очекуваат секоја институција да преземе одговорност за позиционирање на Македонија на мапата на ЕУ, порача Маричиќ.

На средбата, која се одржа во рамки на посетата на Њујорк, владината делегација предводена од премиерот Ковачевски со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, Лајчак разговараа и за планот за забрзување на интеграцијата во ЕУ на целиот регион и активностите кои следуваат на тој план, како и за важни политички теми од регионот, соопшти СЕП.

Софија Вергара за прв пат се огласи по разводот: Секогаш има простор за добри работи

Софија Вергара за прв пат проговори за нејзиниот развод откако таа и нејзиниот наскоро поранешен сопруг Џо Манганиело објавија дека се разделуваат по седум години брак.

„Многу работи се променија, ми се случија многу лоши, луди и добри работи“, изјави таа за Entertainment Tonight.

Актерката истакна дека имала напорна година, но дека не може да се пожали. "Имав добри, добри времиња. Секогаш има простор за добри работи кои доаѓаат", рече таа. Таа додаде дека со нетрпение ги очекува работите што ѝ доаѓаат, оптимист е и со нетрпение ја очекува новата серија во која глуми.

Станува збор за претстојната серија во која Вергара глуми нарко бос. Новиот проект доаѓа во јануари следната година, а многумина со нетрпение го очекуваат бидејќи доаѓа од креаторите на хит серијата Narcos. Колумбискиот режисер Андрес Баиз ги режираше сите шест епизоди.

Инаку, Џо и Софија веста дека се разведуваат ја објавија во јули оваа година, а само два дена подоцна официјално поднесоа барање за развод и изјавија дека датумот на разделба е 2 јули.

Манганиело (46) неодамна беше фатен како излегува од теретана со наводната нова девојка, актерката Кејтлин О'Конор, која има 33 години, 18 години помлада од Софија, која има 51 година.

Активистите кои ја обоија Бранденбуршката порта, со закана за маратонот во Берлин

Активисти од германското движење Letzte Generation се закануваат дека ќе го затворат Берлинскиот маратон во недела, една недела откако со спреј го бојадисаа споменикот кај Бранденбуршката порта, целта на настанот.

„Ќе го прекинеме маратонот. Не можеме да побегнеме од климатската катастрофа“, велат од движењето, без да наведат дополнителни детали. Letzte Generation веќе се обиде на 12 септември, во заедничка акција со француското движење Derniere Renovation, да го прекине фудбалскиот натпревар меѓу Германија и Франција во Дортмунд.

Акцијата не успеала, а пред тоа биле уапсени четворица активисти.

Меѓутоа, во неделата, активистите успеаја да ја испрскаат Бранденбуршката порта, најпознатиот споменик во Берлин, за да повикаат на забрзување на излезот од фосилните горива и поактивна борба против глобалното затоплување. Чистењето на портата, изградена на крајот на 18 век, сè уште не е завршено бидејќи е неопходно да се нанесе специјален производ за отстранување на обоените честички на блоковите.

„Се надеваме дека нема да се случи ништо лошо во однос на демонстрациите, но имаме планови да се справиме со такви случаи“, рече Јирген Лок, генерален директор на маратонот.

„Организаторите и берлинската полиција работат заедно за да обезбедат непречено одвивање на трката“, додаде тој, апелирајќи „секој што има намера да протестира да не се меша директно во настанот“.

Татко - херој: Се удавил додека го спасувал својот син (ВИДЕО)

Американецот Гери Симард (44) се удавил на плажа во Масачусетс додека се обидувал да го спаси својот син.

Тој кобниот ден бил на плажа со семејството. Неговиот син пливал во океанот, кога струите наеднаш го одвлекле од брегот во длабочините.

Гери го слушнал како вика за помош, а потоа се втурнал во водата за да го спаси.

Неговиот син бил извлечен на безбедно од двајца пливачи, но Гери за жал се удавил.

Лекарите од Итната помош се обиделе да го реанимираат на плажата, бил префрлен во болница, но сепак починал.

Семејството на Гери го опишале како голем херој кој живеел за своите деца.

"Мојот син е херој. Го спаси својот син и го загуби животот", изјавила неговата мајка Линда.

Зад себе ги остави сопругата и четирите деца, објави Њујорк Пост.

притисни ентер