Маричиќ:Охридскиот Рамковен договор гo издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт

- Она што ние сме го надминале пред 22 години, денес се чини невозможно во регионот, затоа за Европа, па и во ЕУ, важиме за успешна приказна од која можат да учат и другите. 

Заменик претседателот на Владата задолжен на европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема: „Важноста и улогата на Охридскиот рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, на која изјави дека она што го имаме направено во изминатите две децении со Рамковниот договор, е голема вредност и позитивен влог, со којшто влегуваме во преговорите со Европската Унија.

- Она што ние сме го надминале пред 22 години, денес се чини невозможно во регионот, затоа за Европа, па и во ЕУ, важиме за успешна приказна од која можат да учат и другите. Концептот на нашиот Устав, согласно Рамковниот договор, помогна и во преговорите со Бугарија, правејќи ги бугарските барања во една рамка и порационални, создавајќи услови за влез на Бугарите во Уставот според рамката која сега ја имаме, рече Маричиќ, потенцирајќи дека не е нешто што ќе направи турбуленција или промена на она сега го имаме, додавањето на уште неколку заедници во нашиот Устав.

Тој истакна дека Рамковниот договор е единствен успешен дипломатски потфат во рамките на бивша Југославија на ЕУ и на САД, кој е круна на дипломатските напори и еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан.

- Многу е важно да сфативме дека Охридскиот рамковен договор и начинот на негово функционирање со сите предности и мани, особено со кохезијата која ја овозможи во општеството, е модел на којшто сериозно можеме да се повикаме и да го споделуваме како успешен модел на менаџирање на етничките и културните идентитети, посочи Маричиќ.

Во рамки на преговорите со ЕУ вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ укажа дека ни претстои процес на подготовка на Патоказ за владеење на правото, во чии рамки е и Акцискиот план за заштита на малцинствата, во кој ќе ги одредиме мерките за заштита зајакнување на позицијата на секаков вид на малцинства не само етнички, треба да ја направи нашата политичка агенда на тој план до членство во ЕУ.

Маричиќ на крајот од своето излагање кажа дека многу е битно Охридскиот рамковен договор да не остане во таа форма на договор, туку да биде еден жив политички концепт.

- Мислам дека тоа е клучното во она што го правиме и во она што го работиме. Започнавме пред неколку години со концептот „Едно општество за сите“, коешто треба да го замени називот Охридски рамковен договор и да го преведе во тој политички концепт, бидејќи Охридскиот рамковен договор е преведен во институционален концепт преку Уставот, институциите па и начинот на којшто тие функционираат, начинот на којшто функционира собранието, локалните совети итн., рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека целта на овој политички акт е секој да се чувствува еднакво и Северна Македонија да биде дом за сите таква што со години и со векови е и дека Владата има големо разбирање за овој политички концепт.

На панел дискусијата учествуваше и пратеничката Шкријељ која се осврна на значењето на Комитетот за односи меѓу заедниците, како работно тело на Собранието на Република Северна Македонија, кој има голема улога, но и одговорност во остварувањата на општите и посебните права на заедниците.

- Со ова Комитетот има голема улога и придонес во развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество, на вистински соживот и почитување на различностите на сите граѓани, а со тоа и јакнење на парламентарната демократија, рече пратеничката Шкријељ.

Заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко пак додаде дека Охридскиот рамковен договор е еден од клучните историски моменти на нашата држава и пример за тоа како можат да се решат кризите и да се чекори напред во мир и стабилност.

На панел дискусијата организирана од Здружението за млади, демократија и човекови права УФУК-Скопје учествуваа и Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија и Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

притисни ентер