Маричиќ: Одложувањето на почетокот на преговорите со ЕУ ќе има негативно влијание во регионот

Одложувањето на почетокот на преговорите со ЕУ ќе има негативно влијание не само врз Македонија, туку до целиот регион.

За време на работната посета на Брисел ја пренесов порака дека понатамошното одложување на почетокот на преговорите со Европската унија ќе има негативно влијание не само врз Македонија, туку врз целиот регион, напиша утрово на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ.

– На состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј повторив дека сите реформи кои беа побарани од нас како држава за почеток на преговорите се спроведени, вклучително и оние во правосудството, истакнува Маричиќ.

Во Европската комисија, министерот за правда, одржал работен состанок и со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс на кој, како што вели, му ги претставил реформите кои во моментот ги прави Владата во однос на владеењето на правото.

– Се сложивме дека е потребно темпото на реформи да се задржи, а отворањето на преговорите со ЕУ ќе биде само дополнителен катализатор на истите, напиша министерот Маричиќ.

Ова беше втора работна посета на министерот Маричиќ на Брисел оваа година.

Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска престојува во дводневна посета на Црна Гора, во рамки на која, како што е најавено, ќе се сретне со потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ и со државните секретари на министерствата за внатрешни работи и за правда, на кои ќе се разговара за напредокот на двете земји во спроведувањето на реформите, со акцент на правосудството.

Маричиќ, ќе учествува и на „Балканскиот интегративен форум 2021" во организација на Европското движење на Црна Гора и Фондацијата „Фридрих Еберт", на кој тема ќе биде евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан, но и предизвиците со кои се соочува Унијата изминатиот период.

Покрај министерот за правда на форумот, како што е најавено, ќе учествуваат и високи претставници од регионот, функционери, дипломати од Западен Балкан и Европската Унија, како и голем број на експерти.

Воз во Јапонија тргнал со доцнење од неверојатни 17 минути, патниците сепак не се налутиле

Не попусто велат „точен како јапонски воз“.

Во оваа земја времето се почитува до тој степен што ако (по некое чудо) воз доцни неколку минути, патниците добиваат формално извинување.

Следната приказна раскажува за возот Шинкансен (булет воз), чие поаѓање доцнело 17 минути!

Од Централната железничка компанија соопштуваат дека возот пристигнал во Токио од Нагоја, а тргнувањето за Осака било привремено прекинато. Причината е повеќе од бизарна.

Имено, персоналот забележал змија од 40 сантиметри како „се лизга“ на подот во еден од вагоните, пренесува UPI.com.

Повеќе од 600 патници морале да се префрлат во друг воз бидејќи Шинкансен бил исклучен од мрежата, а змијата подоцна била фатена.

Властите истражуваат како таа завршила во возот.

„Тешко е да се замисли дека змија сама ќе влезе во воз на една од станиците. Имаме правила кои забрануваат внесување на диви животни. И покрај ова, ние не го проверуваме багажот на патниците“, било соопштено.

Мицкоски:Сакаат да заборавиме каков криминален Артаноиден режим станаа,што добро памтите од нив

Цел прв круг на претседателски избори слушаме се и сешто, повторно зборуваат за режим, сакаат да заборавиме дека се 6 и половина години на власт и видовме што направија.

Цел прв круг на претседателски избори слушаме се и сешто, повторно зборуваат за режим, сакаат да заборавиме дека се 6 и половина години на власт и видовме што направија, и каков криминален артаноиден режим тие станаа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор на митингот во Охрид.

Мицкоски истакна дека ги гледаме како зборуваат за измислени теми на кои сами си поставуваат прашања и си одговараат, си креираат самите теми, затворени во меурот на сопствениот ментален склоп, отуѓени од народот мислат дека со истите трикови повторно народот ќе се излаже и ќе им поверува.

Шест и половина години се на власт, што добро паметите од нив, освен гафови, предавства и криминални афери? – прашува Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ни кажуваа дека Македонија била на маса со најсилните и тие ќе не бранат, заборавајќи да споменат дека по стандардот и живот не донесоа меѓу најсиромашните и најкорумпираните земји во светот, и дека сме рекордери по иселени лица во последниве 6 и половина години, како никогаш во историјата.

Ако од некој треба да не бранат најсилните, тоа е од корумпирани политичари како нив, а во тоа и тие веќе се уверени, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Ковачевски не кажува ниту еден збор за тоа што направиле како влада, не кажува ниту еден проект, мерка, реформа не кажува за инвестиции кои ги донеле, дека нема отчет.

Ништо не направија затоа што се заглавени со други приоритети, со крадење и местење тендери, еве да ви кажам јавна тајна е дека од тендерите во РЕК ДУИ и СДСМ делат 20 проценти од тие што го добиваат тендерот. Затоа нема отчет, затоа што единствениот отчет што може да го кажат е колку украле. Но доаѓа крајот на тоа. И ако мислат ќе им се прогледа низ прсти се лажат. А, во тоа ќе се уверат набргу, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Охрид порача дека следува жесток одговор од народот на овие избори кон Артановци и Зечевиќи, им се ближи крајот.

„Ни говори Ковачевски дека имал успеси и дека се било добро и дека седеле една тивка ноќ со Стево сами и се договарале, па дури и Заев го видовме им дојде на помош со спотови. Но добро е што се заедно затоа што така со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот. Ветуваа живот за сите, но за жал во Македонија паметите, добивме уживање за Артановци и Зечевиќи во Македонија, а живот за сите други на раб на егзистенција тука или надвор од земјава“, порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот, се наведува во партиското соопштение.

Ковачевски:Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим,далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија.

Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација, додаде тој.

ВМРО ДПМНЕ ќе го одолговлекуваат европскиот пат и за тоа ќе го обвинат Брисел, потенцирапе Ковачевски.

-ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер