Маричиќ од Брисел: Искуството кое го имаме во скрининг процесот е голема предност за нас

Искуството кое го имаме во скрининг процесот е голема предност за нас и ќе ја валоризираме.

Денеска во Брисел продолжува објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавјето 24, „Правда, слобода и безбедност“, на кој заменик претседателот на Владата и главен преговарач со Унијата, Маричиќ рече дека македонскиот преговарачки тим од оваа област се надоврзува на претходното стекнато искуство и продолжува со новите законски регулативи, од 2019 година до денес, потенцирајќи дека ова е голема предност за нас која треба да ја искористиме и да ја валоризираме.

- Имаме капацитет и мотивација соодветно да ги подготвиме нашата земја и нашите институции преку градење силен и добро интегриран административен капацитет на агенциите за спроведување на законот и другите релевантни тела, од кои се очекува да ги постигнат потребните стандарди, рече вицепремиерот Маричиќ.

Според вицепремиерот Маричиќ Поглавјето 24 е „срцето на преговорите“, заедно со Поглавјето 23 пред и сега како дел од Кластерот „Темели“ според новата методологија, за кое изрази уверување дека визијата каде сме денес и каде треба да бидеме до 2030 година ќе се одрази во бараниот Патоказ за владеење на правото.

Во своето излагање Маричиќ истакна што Македонија има направено во делот на борбата против тероризмот, напоменувајќи дека е донесен Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам – со цел усогласување со 5 Директива за АМЛ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари или финансирање тероризам (2018 г. /843) и ревидираните препораки на Работната група за финансиска акција. Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот за Западен Балкан меѓу Европската комисија и органите на Република Македонија, како рамка за заедничко дејствување во борбата против тероризмот, континуирано се спроведува.

Маричиќ додаде дека Владата ја усвои Националната процена на ризикот во март 2020 година во однос на перење пари и финансирање тероризам и го спомена усвоениот Национален план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратниците борци и членови на нивните семејства со учество на повеќе државни институции и општествени чинители со цел да се имплементираат утврдените приоритети во спречувањето на насилен екстремизам и радикализација.

Денес завршува вториот ден од презентациите на Европската комисија за законодавството и стандардите на ЕУ во областа на правдата, слободата и безбедноста за македонскиот и албанскиот преговарачки тим во оваа област. Од понеделник започнуваат објаснувачките скрининг состаноци за Поглавје 23 – Правосудство и темелни права.

Ненадејно почина 18- годишен војник, кој одел покрај ковчегот на кралицата Елизабета Втора

Младиот војник Џек Бурнел-Вилијамс (18), кој бил дел од единицата која одела покрај ковчегот на кралицата Елизабета за време на нејзината погребна церемонија, бил пронајден мртов во касарната Хајд Парк, јавуваат британските медиуми.

Младиот човек бил пронајден мртов во касарна во центарот на Лондон, а иако смртта била „неочекувана“, полицијата соопштила дека не се обвинува како сомнително.

„Смртта беше неочекувана, беше истражена и не се третира како сомнителна. Службениците ќе помогнат во подготовката на извештајот за патологот“, изјави портпаролот на Метрополитен полиција.

На денот на погребот на најдолговечниот британски монарх, Џек одиграл една од клучните улоги. Тој беше дел од поворката што го чуваше ковчегот на Елизабета додека го носеа на кочија од Вестминстерската опатија до Велингтон Арх.

Неговото семејство никогаш не престанало да нагласува колку се горди на својот син, особено затоа што, како што рекоа, „Џек ја изврши својата должност кон кралицата на нејзиното последно патување“.

Исто така, се смета дека Џек учествувал во голем број церемонијални настани за време на официјалниот период на жалост по смртта на кралицата на 8 септември - вклучувајќи ја и должноста чувар на кралот Чарлс III и постарите членови на кралското семејство додека ковчегот бил носен во Вестминстерската опатија.

Во јуни оваа година, само еден месец откако Џек наполни 18 години, неговата мајка Лора споделила видео од нејзиниот син како учествува на јубилејната парада на кралицата.

„Еден од најгордите денови во мојот живот“, напишала таа тогаш.

Таа сега на својот Фејсбук ја потврди трагичната вест, со емотивна објава дека целото семејство е со скршено срце и дека се уште се во неверување бидејќи ги загубиле саканиот син и брат.

Либанскиот претседател доби американски предлог за демаркација на поморската граница со Израел

Американската амбасадорка во Либан, Дороти Ши, денеска на либанскиот претседател Мишел Аун и на привремениот премиер Наџиб Миката им доставила предлог за демаркација на поморската граница со Израел.

Американската амбасадорка во Либан, Дороти Ши, денеска на либанскиот претседател Мишел Аун и на привремениот премиер Наџиб Миката им доставила предлог за демаркација на поморската граница со Израел, во екот на преговорите за граничниот спор за околу 860 квадратни километри во Медитеранот,

Американските медиуми пренесуваат дека Либан и Израел официјално се во војна од создавањето на еврејската држава во 1948 година, а двете земји тврдат дека полагаат право врз околу 860 квадратни километри од Средоземното Море.

Кабинетот на претседателот Аун потврди дека за време на денешната средба во претседателската палата во Баабда, амбасадорката Ши му ги претставила предлозите на американскиот посредник Амос Хохштајн.

Во минатонеделното интервју за локалните медиуми, претседателот Аун оцени дека преговорите наскоро би можеле да завршат, со порака дека Либан „ќе го добие правото да вади нафта и гас“.

Викторија Бекам ја облече 11- годишната ќерка во фустан со деколте, фановите згрозени (ФОТО)

На ревијата на Викторија Бекам во Париз, 11-годишната Харпер носеше црн фустан кој наликува на неглиже и има длабоко деколте украсено со тантела.

Фотографиите се проширија на социјалните мрежи, а многумина ја нападнаа модната дизајнерка и напишаа зошто ја облекла ќерка си во таков фустан. Сметаат дека тоа е „несоодветно и одвратно“ за нејзините години.

"Овој фустан што Викторија ѝ го облече на нејзината ќерка е несоодветен за нејзината возраст. Што мислеше Бекам? Таа ги покажува градите на ќерка си. Срам да ѝ е", "Не ми е гајле дали некој не се согласува, но фустанот на малата Харпер е несоодветен", се некои од коментарите.

Други напишаа дека Харпер многу ги потсетува на Викторија и дека многу девојчиња сакаат да личат на нивните мајки, а Бекам ѝ ја исполнила желбата.

Инаку, Викторија ја претстави новата колекција за следната година во Париз, а со неа беше и нејзиното семејство.

притисни ентер