Маричиќ на ТАИЕКС работилница во Белград

Денеска и утре во Белград се одржува ТАИЕКС работилница на министерско ниво .

Првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ ќе биде во официјална посета на Белград, Србија каде што ќе присуствува на ТАИЕКС настан, организиран во соработка со Министерството за европска интеграција на Република Србија, информираат денеска од Секретаријатот за европски прашања.

Оттаму додаваат дека денеска и утре во Белград се одржува ТАИЕКС работилница на министерско ниво во соработка со ТАИЕКС службата во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR) со наслов ,,Како да се постигне успех во пристапувањето кон ЕУ: најдобри искуства, стратешко планирање и ефикасна имплементација"

-ТАИЕКС е механизам со која се поддржуваат проекти за државните службеници, главно во централната јавна администрација, правосудните органи и органите за спроведување на законот, државни службеници кои работат во парламенти и законодавни совети, претставници на синдикатите и здруженијата на работодавачи, се вели во соопштението од СЕП.

Целта на работилницата, како што нагласуваат од Секретаријатот, е да се споделат искуства од земјите од претходните рунди на проширување на ЕУ кои се потенцијално применливи за сегашните земји кандидати, со фокус на Кластерот 1, Фундаменти, да се направи преглед на конкретни примери на успешни приказни за интеграција во ЕУ (иницијативи) кои потенцијално би биле релевантни за земјите кандидати за ЕУ; и да се идентификуваат конкретни потреби за поддршка што би можеле да помогнат подобро да се насочи помошта од ЕУ или билатералната земја-членка, да се идентификуваат можности за понатамошна соработка помеѓу сегашните земји-членки на ЕУ и земјите кандидати или меѓу земјите кандидати, како и да се продлабочат професионалните мрежи и контакти меѓу земјите учеснички кои ќе го олеснат дијалогот и соработката во иднина.

На ТАИЕКС работилницата, покрај вицепремиерот Маричиќ, ќе учествуваат и државната секретарка Дрита Абдиу Халили и вработени во Секретаријатот за европски прашања.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер