Маричиќ на работилницата на ТАИЕКС во Белград, Србија

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со свое обраќање на работилницата за повеќе земји на TAIEX.

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со свое обраќање на работилницата за повеќе земји на TAIEX, на темата „Како да се постигне успех во пристапниот процес кон Европската Унија: Најдобра пракса, напредок и предизвици на земјите кандидати со фокус на основите на Кластер 1 - Реформа на јавната адинистрација во Македонија.“

Во своето обраќање тој ја истакна важноста на регионална работилница, каде што се продолжуваат дискусиите за Европската Унија, перспективата на регионот и напредокот на нашите земји во процесот на пристапување, со фокус на искуствата на земјите кандидати и земјите членки.

Вицепремииерот Маричиќ го нагласи успешно завршениот Скрининг процес на почетокот на декември 2023 година во кој беа вклучени околу 1000 лица од околу 200 национални институции и 850 презентации подготвени во временски период од околу 15 месеци.

„За да продолжиме со успешно реализирање на процесот, треба да ја исполниме преостанатата обврска, тоа се уставните амандмани, бидејќи има позитивен моментум за проширувањето и сакаме да бидеме меѓу оние земји што побрзо ќе влезат во унијата“.

Вицепремиерот Маричиќ во излагањето нагласи дека по официјалното писмо од шпанското претседателство со кое се повика Владата да подготви патоказ за владеење на правото, придружен со Акционен план за заштита и унапредување на правата на припадниците на националните малцинства или заедници кои се помалку од 20% од населението во Македонија и Патоказот за РЈА, Владата ги одобри документите и тие беа споделени со ЕК на 27 декември 2023 година.

Документите беа подготвени на инклузивен и транспарентен начин со вклученост на сите релевантни институции и консултирани со релевантните тела во Собранието (Националниот совет за интеграција во ЕУ и Комитетот за европски прашања) со граѓанскиот сектор, бизнис секторот и академијата.

Дополнително, во завршна фаза е изготвувањето на Патоказот за функционирање на демократските институции (кој не е воведен репер, туку е услов) кој ги опфаќа областите на изборите, работата на парламентите и граѓанското општество.

„Извештајот за кластерот Фундаменти дефинира јасни насоки кои заедно со Годишниот извештај на Комисијата за земјата за 2023 година се основа за дефинирање на нашите реформски приоритети и патот напред.

Она што го сметаме за предност е фактот што во изминатите години континуирано се работи на усогласување на националното законодавство и затоа усогласеноста на Македонија со правото на ЕУ е на генерално добро ниво. Според анализите, степенот на усогласеност е околу 45-50%, а во некои поглавја можеби и повеќе, што е одлична основа за натамошно поголемо усогласување со правото на ЕУ.„ - рече Маричиќ.

Модернизацијата и унапредувањето на државата и јавната администрација се гледаат како основа на целиот јавен сектор од кој зависат процесите и развојот во секое демократско општество.

Значењето и улогата на Реформи на јавната администрација дополнително се зајакнаа со новата методологија за пристапување од 2020 година, при што реформата на јавната администрација за првпат беше воведена како област во пристапните преговори.

За крај вицепремиерот нагласи дека реформата на јавната администрација заедно со управувањето со јавните финансии се исто така приоритетни области во рамките на Реформската агенда на Планот за раст. Исполнувањето на Реформската агенда ќе биде основа за исплата на помошта. Планот за раст за Западен Балкан ќе обезбеди забрзано доближување на нашите економии и намалување на разликите со економиите на членките на ЕУ.

„Бидејќи сите сме во различни фази од процесот на пристапување, треба да се разгледаат и разликите, во исто време да се создаде позитивна клима и амбиент за сите земји од Западен Балкан подеднакво“.

На работилницата учество земаа министрите за европски прашања на земјите кандидати за ЕУ, претставници од ТАИЕКС при Европската Комисија, претставници на земји членки на ЕУ и други релевантни експерти, соопштија од СЕП.

Прогласена е вонредна состојба на Санторини, Грција донесе драстични мерки на сила до 1 март

На грчкиот остров Санторини е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат островот, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.

Најсилниот земјотрес, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, го погоди островот вчера вечерта, а се случи на длабочина од пет километри, по напливот на сеизмичката активност.

Илјадници луѓе го напуштија Санторини и околните острови во Егејското Море поради страв дека допрва треба да дојде уште еден – многу поинтензивен земјотрес, кој може да доведе до цунами или дури и вулканска ерупција.

Грчките власти претходно денеска најавија драстични мерки кои ќе важат до 1 март, објави Real.gr.

„Со одлука на Генералниот секретаријат за цивилна заштита, општина Тира прогласува вонредна состојба, со цел да се одговори на вонредните потреби и да се справат со последиците од сеизмичката активност што неодамна се случи во споменатото подрачје. Оваа одредба ќе важи до 1 март“, се наведува во соопштението.

Забележано е дека премиерот Киријакос Мицотакис утре ќе отпатува за Санторини за да ги информира одговорните за сеизмичката активност што го потресе островот. Премиерот ќе биде придружуван од министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикилијас.

Стотици туристи и жители го напуштија островот со траект, додека многу други побрзаа да одлетаат пред нов земјотрес да го погоди островот.

Брод на крајбрежната стража и воен десантен брод се распоредени во случај да биде потребна евакуација, потврди министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас на вонредниот состанок со безбедносните службеници, научниците и премиерот во Атина.

Неколку помали земјотреси, со јачина од 2,4 до 4,5 степени според Рихтеровата скала, беа почувствувани и на Додеканезите, на околу 240 милји од Санторини, во последните 24 часа.

Засега не е забележана поголема штета на островот, но властите преземаат мерки на претпазливост.

На луѓето им се советува да избегнуваат големи собири во затворени простории, мали пристаништа и области каде што може да се случат одрони.

На хотелите им е кажано да ги испразнат своите базени за да се намалат потенцијалните штети на зградите.

Исто така, постојат стравувања дека посилен земјотрес може да предизвика цунами, па властите ги предупредија луѓето да се држат подалеку од крајбрежните области.

Мерки на претпазливост се преземени и на неколку блиски острови во Егејското Море, кои сите се популарни дестинации за одмор, откако во изминатите три дена беа регистрирани повеќе од 200 подводни земјотреси.

Продажни резултати на Peugeot за 2024 година

PEUGEOT: 1.097.750 нови регистрации во 2024 година

PEUGEOT ЕВРОПСКИ ЛИДЕР:

во B-Hatch сегментот за електрични возила со PEUGEOT E-208,

во сегментот на електрични лесни комерцијални возила со PEUGEOT E-Partner, PEUGEOT E-Expert и PEUGEOT E-Boxer.

Електрификација (BEV + PHEV + MHEV): 35% од Peugeot регистрираните возила во Европа се електрифицирани

Потврдено искачување на пазарот со лансирањето на PEUGEOT E-3008, PEUGEOT E-5008 и PEUGEOT E-408. Повеќе од 100.000 нарачки на PEUGEOT 3008 и E-3008 од самото лансирање.

Глобалната продажба на Peugeot надвор од Европа претставува 25,1% од вкупната продажба на брендот.

Во предизвикувачката и конкурентна 2024 година, продажбата на електрични возила се зголеми за 8% во споредба со 2023 година во Европа. PEUGEOT повеќе од двојно ги зголеми нарачките за електрични автомобили во овој период. Брендот PEUGEOT продолжува да доминира во сегментот на електрични градски автомобили со PEUGEOT E-208, како и во сегментот на електрични лесни комерцијални возила.

„Овие одлични резултати нè доближуваат до нашата цел да станеме лидер за електрични возила на европскиот мејнстрим пазар“ – Peugeot!

РФМ ја објави,па ја демантира веста за наводната смрт на поранешниот селектор Илија Темелковски

Врска информацијата која беше проследена во јавност преку медиумите дека ракометниот спортски работник г-дин Иле Темелковски е починат, податокот не е точен.

Ве известуваме дека канцеларијата на РФМ стапи во контакт со семејството на Темелковски и г-дин Иле Темелковски и ги замолуваме медиумите да ги корегираат своите објави.

Ракометна Федерација на Македонија

притисни ентер