Маричиќ-Могерини: Ја активираме соработката со „Колеџот на Европа“

Ја активираме соработката со „Колеџот на Европа“ за поддршка во процесот на преговори со ЕУ.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ денеска, во рамки на посетата на „Колеџот на Европа“, во Бриж имаше средба со поранешната висока претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, а сега ректорка на „Колеџот на Европа“ Федерика Могерини.

На средбата, иницирана од вицепремиерот Маричиќ, беше разговарано за можностите за унапредување на соработката во рамки на веќе потпишаниот Меморандум за разбирање, преку различни курсеви, тренинзи и проекти кои ќе го доближат процесот и олеснат преговорите со ЕУ.

- Поддршката од „Колеџот на Европа“ во зајакнување на знаењето на македонската администрација ќе биде од големо значење за евроинтеграцискиот процес. Активирањето на Меморандумот за разбирање со „Колеџот на Европа“ е добар знак за нашата посветеност и желба успешно да го завршиме преговарачкиот процес, рече на средбата Маричиќ изразувајќи верување дека соработката ќе се одвива динамично во позитивна насока и дека резултатите ќе бидат видливи во текот на преговорите со ЕУ.

- Ми претставува чест и задоволство што имаме можност повторно да соработуваме, овој пат во вашата улога на ректор на колеџот. Соработката со вас во изминатите години од позицијата висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика остави траен печат во развојот и напредокот на евроинтеграцискиот процес, преку вашите лични заложби и придонес на нашиот пат кон преговори, рече Маричиќ на почетокот на средбата.

Ректорката Могерини исто така изрази задоволство иницијативата за активирање на активностите предвидени со Меморандумот за разбирање и од можноста за соработка токму во процесот на преговори на Македонија со Унијата.

Покрај тоа, се разгледаа и можностите за учество на нашата администрација на летните семинари на колеџот, како и можноста за заедничка проектна соработка. Двајцата изразија очекување дека на ваков начин ќе се придонесе во стручното усовршување на сите кои се вклучени во преговарачкиот процес, како и дека јакнењето на капацитетите е чекор кон постигнување на целта членство до 2030 година.

Секретаријатот за европски прашања и „Колеџот на Европа“ во Бриж потпишаа Меморандум за соработка, во мај 2016 година, во однос на размена на знаење и искуства, научни истражувачки и применливи активности, како и едукативна и експертска специјализација на администрацијата во Секретаријатот, согласно капацитетите и ресурсите на двете институции.

После средбата со ректорката Могерини, вицепремиерот и главен преговарач со Европската Унија, Маричиќ ќе има предавање пред студентите и младите дипломати од „Европската дипломатска академија“, основана од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на тема: „Процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со фокус на евроинтеграциите на Македонија“.

Брнабиќ: Србија по литиумот ќе биде како Норвешка по откривањето на нафтата

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека „отсекогаш“ верувала дека експлоатацијата на наоѓалиштата на литиум е добра за Србија и дека ќе „донесе многу добро“ не само за Лозница и Крупањ, туку и за цела Србија.

„Не можеме да замислиме колку пари би останале (од литиум). Тоа е буквално паралела со Норвешка пред и по (откривањето на) нафтата. Тоа е Србија пред и по литиум“, рече Брнабиќ во изјава за новинарите по посетата на градинка во Ваљево.

За време на нејзиниот мандат како премиер, Брнабиќ ја укина Уредбата за просторен план за подрачја за посебни намени за преработка на минералот „јадарит“, кој содржи литиум и бор, и изјави дека на Рио Тинто му е „ставена точка“.

Брнабиќ денеска изјави дека за ископување на литиум е потребен дијалог и дека се надева дека во пошироката дебата тоа ќе го поддржат мнозинството граѓани.

Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција

Потребна е стратегија и патоказ за да имаме одржлив процес за енергетска транзиција во Општина Центар, ова е заклучокот од денешната работилница што се одржа во Енергетската канцеларија во локалната самоуправа.

На работилницата на која учествуваа експерти, претставници на невладини организации, преставници на Општината и општинското претпријатие Енергија центар, соговорниците дискутираа за актуелните проекти во доменот на енергетиката, зелената агенда, животна средина и др.

Градоначалникот Герасимовски презентираше до каде е Општината во процесот на енергетска трансформација и транзиција. Тој потенцираше дека фотоволтаичната централа поставена на градинката Пепелашка минатото лето дава одлични резултати во намалување на трошоците за електрична енергија, а следно е поставување на централа врз покривот на ООУ ,,Киро Глигоров". Наша цел е да поставиме фотоволтаични системи на сите основни училишта, но засега почнуваме прво со ООУ „Киро Глигоров“. Мораме да бидеме претпазливи и внимаваме на секој детаљ. Засега сме во процес на јавен тендер и фирмите учесници треба да ги исполнат критериумите.

Вангел Андрески, директор на Енергија Центар ја потенцираше улогата на првото вакво претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори.

„Со поддршка на Фондацијата „Фридрих Еберт“ успеавме да формираме вакво претпријатие, а процесот беше макотрпен и понекогаш фрустрирачки, со многу докуменатција, барања за куп дозволи по разни институции. Сега кога веќе започнавме со работа се соочивме со нов проблем, а тоа е потреба од едукација и подигање на свеста на граѓаните за придобивките на фотоволтаиците и нивната безбедност за корисниците, истакна Андрески, зборувајки за проектот кој се планира за ООУ ,,Киро Глигоров”.

Експерите се согласија дека иднината е токму во енергетската транзиција и трансформација која треба да почне од локално за да се прошири на национално ниво. Заштедите, но и бенефитите за животната средина се од непроценлива важност за воведување на вакви „зелени“ енергетски системи, но за разлика од другите држави во ЕУ и регионот, ние сме се уште во пионерска фаза.

Сите заштедени средства, велат експерите, по теркот на европските држави, понатаму треба да се влеваат во проектите од доменот на животната средина, преку субвенции за здрав и еколошки начин на живот на граѓаните.

Денешната работилница ,,Патоказ за енергетска транзиција - дефинирање на стратешки пристап кон одржлива иднина на Општина Центар" се организираше под покровителство и соработка со Фондација Фридрих Еберт, невладината Гринер и Општина Центар.

Општина Центар

Митрески - Бомгартнер: Македонија и Франција имаат одлични односи

Македонија и Франција имаат одлични односи, меѓусебната соработка и поддршка ќе се продлабочат.

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска остварил средба со aмбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Сирил Бомгартнер, соопшти собраниската прес-служба.

Изразувајќи задоволство од одржувањето на средбата, претседателот Митрески ја констатирал одличната соработка меѓу двете држави и особено соработката на парламентарен план.

Амбасадорот Бомгартнер, честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, се согласил со констатациите за интензивираната динамика на меѓусебна соработка. Во тој контекст, ги поздравил средбите на парламентарци од Собранието на Република Македонија и Националното собрание и Сенатот на Француската Република во изминатите години, како позитивен тренд кој треба да продолжи и во иднина.

Амбасадорот Бомгартнер, како што стои во соопштението, информирал за претстојната посета на претседателката на Групата за пријателство од Лилијана Танги на земјата, како дел од набљудувачката мисија на ОБСЕ за претстојните претседателски и парламентарни избори.

- Беше посебно поздравено одржувањето на втората едукативна активност во Собранието „Имам став-Млад франкофонски парламент”, во рамките на одбележувањето на месецот март - месец на Франкофонијата, еден исклучителен настан и манифестација која полека прераснува во една убава собраниска традиција, се вели во соопштението од Собранието.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните собраниски активности, текот на изборите и конституирањето на новиот парламентарен состав. Била изразена општа согласност за потребата од унапредувањето на соработката во доменот на културата, економијата, енергетиката и други области од взаемен интерес за двете земји.

притисни ентер