Маричиќ: Европско знаменце на законите за коридорите е ставено заради Левица - Канал 5

Маричиќ: Европско знаменце на законите за коридорите е ставено заради Левица

Владата има основа и политичка оправданост да стави европско знаменце на законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10Д- вели вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

Маричиќ: Европско знаменце на законите за коридорите е ставено заради Левица

Тој додаде дека знаат оти овие закони не се усогласени со некои европски акти, но посочи дека Коридорот 8 треба да биде впишан во трансевропската мрежа на коридори на 16 мај.

Делегацијата на ЕУ во земјава минатата недела реагираше на ваквиот потек кој го оцени како неоправдан, но Маричиќ тврди дека Владата е во редовна комуникација со европските партнери на кои им ја објасниле одлуката.

-Знаеме дека со овие закони нема усогласување со некое европско аки, но ги ставаме за да ја комплетираме трансевропската мрежа на коридори. Она што треба отворено да го кажеме, тоа е дека одлуката е за да се заобиколи нелегитимна блокада од проруската, анти САД, анти НАТО, анти ЕУ партија Левица, која ќе направи се за да го спречи ова. - Бојан Маричиќ – Вицепремиер за евроинтеграции

Од делегацијата на ЕУ во земјава минатата недела реагираа дека Европското знаменце на предлог-законите за изградба на автопатиштата од Бехтел и Енка не е оправдано и не е поврзано со реформската агенда за ЕУ. Од таму потсетија дека оваа процедура има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ, но во овој случај, сметаат дека се чини оти предлог-законите не се однесуваат на усогласување со таквите стандарди..

-Означувањето на законите со европско знаме има за цел да помогне да се забрза интеграцијата на Македонија во ЕУ и според тоа треба да има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ. Во овој случај, предлог-законите се чини дека не се однесуваат на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања. – истакнаа во таа прилика од Делегацијата на ЕУ.

Со ставањето на европско знаменце, владата овбозможува т.н. брза трка за предло-законите, биејќи за нив важи специјалната постпака, која се на се трае три дена, без разлика на бројот на амандамни и должината на дискусиите..

YouTube video

Во Волково ќе се реконструира пат кон железничката станица

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека утрово бил извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица „100“, со продолжение на улицата што води кон железничката станица.

Во Волково ќе се реконструира пат кон железничката станица

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека утрово бил извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица „100“, со продолжение на улицата што води кон железничката станица.

- Создаваме навремени услови за подостапен пристап до јавниот транспорт во овој дел од општината. Подобрата поврзаност е предуслов за развој и за унапредување на секојдневието на жителите, се наведува во пишаната изјава на градоначалникот Александар Стојкоски.

Со овој зафат, како што нагласуваат од Општина Ѓорче Петров, се унапредува пристапот до железничкиот транспорт, а истовремено се подобрува и вкупната сообраќајна поврзаност во Волково.

- Општина Ѓорче Петров останува посветена на изградбата и реконструкцијата на инфраструктурата, со цел да обезбеди подобри услови за живот за сите граѓани, се додава во соопштението.

МНР: Македонските државјани веќе се наоѓаат на територија на Египет и се на безбедно

Според извори од Министерството за надворешни работи, македонските државјани кои беа предмет на евакуација веќе се наоѓаат на територија на Египет и се на безбедно.

МНР: Македонските државјани веќе се наоѓаат на територија на  Египет и се на безбедно

Истите извори информираат дека за нив е обезбедено сместување во хотел, додека се завршуваат административните и логистички подготовки за враќање во земјава.

Се очекува репатријацијата да се реализира во текот на денешниот ден или најдоцна утре, со владиниот авион.

Трамп: Сакам вистински крај, а не прекин на огнот меѓу Израел и Иран

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се стреми кон „вистински крај“ на конфликтот меѓу Израел и Иран, а не само кон прекин на огнот.

Трамп: Сакам вистински крај, а не прекин на огнот меѓу Израел и Иран

- Не се залагаме за прекин на огнот, туку за нешто подобро од прекин на огнот, изјави Трамп пред новинарите откако се врати во САД од самитот на Г7 во Канада.

Тој нагласи дека сака „крај, вистински крај, а не прекин на огнот“, додавајќи дека посакува Иран да направи „целосно откажување“ од своите позиции.

Трамп исто така објави на „Трут соушл“ дека не се обратил на Иран со каков било предлог за мировни разговори, додавајќи дека Техеран „требаше да ја прифати понудата што беше на маса“.

Во врска со потенцијални ирански напади врз американските интереси во регионот, тој најави жесток одговор. - Тогаш ракавиците се симнати… Мислам дека знаат дека не треба да ги допираат нашите трупи .Ќе реагираме жестоко доколку направат нешто против нашите луѓе, потенцираше Трамп.

Говорејќи пред новинарите во авионот Ер форс уан, Трамп најави дека можно е да ги испрати американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и специјалниот претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, на средби со ирански претставници.

- Тоа зависи од развојот на настаните по моето враќање, додаде Трамп.

Дополнително, Трамп ја повтори својата позиција дека Иран „не смее да поседува нуклеарно оружје“.

притисни ентер