Маричиќ: ЕУ за одржливо управување со органски отпад

ЕУ за одржливо управување со органски отпад, бидејќи е важно прашањето за заштита на животната средина и е една од најсложените области во однос на усогласување со регулативите на Европската Унија, објави на ФБ вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Проектот Симбиозис отвори нова страница во управувањето со органскиот отпад во општина Битола, за која отпадот денес е ресурс, бидејќи започна со селективно собирање на органскиот отпад кој нема да го „фрла“ туку ќе го преработува, и од него ќе добие компост кој ќе го користи како ѓубриво во своите расадници и на јавните зелени површини, со поддршка од европските ИПА програми.

Следејќи го концептот Индустриска симбиоза, Симбиозис (2018-2020), не е само придобивка во заштитата на животната средина, туку дава и конкретни социјални придобивки за локалните заедници преку подобро искористување на био ресурсите од прехрамбената индустрија во корист на општествените активности и создавањето нови работни места, како и подобрување на соработката помеѓу секторите и бизнисите во прекуграничната област, а со тоа да се подобрат локалните економии и да се поттикне претприемништвото;

“Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад-Симбиоза“, е поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка "Грција - Поранешна Југословенска Република Македонија 2014-2020", кофинансиран од националните фондови преку Министерството за Локална самоуправа, во вредност од 898.858,33 € , а водечки партнер е ЈП КОМУНАЛЕЦ Битола.

Унијата не поддржува да ги постигнеме своите еколошки цели и постепено да ги подига на ниво на стандардите на ЕУ.

Вкупниот буџет на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 изнесува 45.470.066 евра ЕУ и национално финансирање, а скоро половината, 22.735.032 евра се искористени во проекти од втората приоритетна оска - Заштита на животната средина-транспорт.

Нашиот ангажман, кога станува збор за постигнување на целите од Европскиот зелен договор, е клучен за процесот на европска интеграција и ќе придонесе за поефикасно користење на ресурсите.

Целта ни е транзиција кон чиста, кружна економија и мерките за запирање на климатските промени, истовремено обновување на биолошката разновидност и намалување на загадувањето, ќе ја поддржат економијата и ќе отворат нови работни места, напиша Маричиќ на ФБ.

Британски новинар ќе објави книга за Меган Маркл: Дознав неверојатни работи

Меган Маркл и нејзините адвокати правеле се што можат за да го саботираат пишувањето на книгата.

Принцот Хари не е единствениот кој ќе објави книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, пишува „Дејли меил“.

Бауер вели дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена оваа есен.

- Дознав работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе биде полоша, но во секој случај тоа ќе биде големо изненадување – вели Бауер.

Нему му било тешко да дојде до информации, вели тој, бидејќи луѓето најчесто не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле се за да го саботираат пишувањето на книгата.

Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби бидејќи не воведовме санкции кон Русија

Српската премиерка Ана Брнабиќ во изјави дека честите дојави за бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи таа не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. „Овие дојави за бомби се и притисок од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми, пренесе Н1.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

притисни ентер