Маричиќ: ЕУ мора да остане фокусирана на Западен Балкан и покрај кризата во Украина

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на меѓународниот настан „Стратешки економски Разговори", рече дека Европската унија не смее да го заборави Западен Балкан .

Маричиќ на меѓународниот настан „Стратешки економски Разговори", во организација на Здружението за развој на деловната мрежа на Југоисточна Европа (SEEBDN), рече дека Европската унија не смее да го заборави Западен Балкан поради кризата во Украина, напротив мора да остане фокусирана на регионот.

-Македонија, како и Албанија, треба да започне преговори за членство во Унијата, но исто така важно е и Украина, Грузија и Молдавија да имаат европска перспектива, додавајќи дека Европската Унија е проект на слободна трговија, слободно движење на луѓе, економски напредок, Унијата и 80 години подоцна е најдобриот повоен одговор, и затоа треба и сакаме да станеме членка на ЕУ.

Вицепремиерот Маричиќ, заедно со поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, поранешниот известувач на ЕУ за Косово и Метохија и високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Волфганг Петрич и Мартин Енгелберг, австрискиот пратеник од редовите на владејачката Народна партија, учествуваше на панелот „Процесот за пристапување во ЕУ и интеграција на Западен Балкан во време на значајни промени во Европа", на кој побара земјите од ЕУ да посветат поголемо внимание на Западен Балкан, кое со конкретни чекори би дало позитивни резултати, во спротивност се доведува во прашање кредибилноста на ЕУ во земјите од регионот и довербата на граѓаните во Унијата.

-Во регионот е намалена популарноста на „брендот" наречен Европската унија, затоа во овој момент најпотребно е да се демонстрира лидерство за да се заштити нејзиниот имиџ, бидејќи оние кои се против се обидуваат да ја прикажат Унијата како неуспешна, рече Маричиќ.

На панелот вицепремиерот се осврна и на иницијативата „Отворен Балкан", посочувајќи дека таа е комплементарна на процесот на пристапување во ЕУ и како и Берлинскиот процес не е замена за влез во Унијатa, дополнувајќи дека не треба да губиме време додека сме во чекалната на ЕУ, туку треба да направиме промени на ниво на Западен Балкан, да му дадеме нов лик на регионот, кој секогаш се поврзувал со конфликти и криминал и да покажеме дека можеме да соработуваме на сите полиња.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

Ковачевски:Апел за брзо прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованиетo

​Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.

Во продолжение ви го испраќаме статусот во целост.

„Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата.

Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.

До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.

Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.

Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието."

Бајден им оддаде почит на жртвите на расистичкиот масакр во Бафало

Американскиот претседател Џо Бајден денеска остро го осуди „отровот" на белиот супрематизам и сите оние кои го шират, по расистичкиот масакр од саботата во кој беа убиени десет луѓе во Бафало.

Во овој град во американската сојузна држава Њујорк, каде што еден млад човек, застапник на теориите на заговор, како онаа за „големата замена на населението", во саботата изврши масакр со автоматска пушка, американскиот претседател денеска зборуваше за „терористички акт".

Спомнувајќи ја оваа расистичка теза за „големата замена" на населението, Бајден, видливо потресен, кажа : „Ги повикувам сите Американци да ја отфрлат оваа лага и да ги осудат сите оние кои ја шират за да освојат власт, гласови, пари".

-Оние кои велат дека ја сакаат Америка, поттикнуваат омраза и страв, додаде 79-годишниот демократски претседател, без да открие имиња или партиска припадност.

„Тој отров, тоа насилство не смее да биде историјата на нашето време", посочи тој, бидејќи во последните години се случија серија масакри во САД, во кои жртви беа црнци, Евреи и луѓе со шпанско потекло.

Претседателот денеска од Бафало уште еднаш повика на регулирање на носењето огнено оружје.

-Не сум наивен. Знам дека трагедијата ќе се повтори (…) Но, има некои работи што можеме да ги направиме. Можеме да го забраниме автоматското оружје на нашите улици, рече тој.

Тој долго време го повикува Конгресот да го забрани автоматското оружје, како она што беше употребено во неделата. Но, овој негов став отсекогаш наидувал на противење од републиканците кои одбиваат каква било регулатива за ова прашање. /МИА

притисни ентер