Маричиќ-Бирн: Блокадата штети на целиот регион и е против интересите на ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на маргините на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан оствари средба со ирскиот министер за европски прашања,Томас Бирн.

На состанокот беше пренесена позитивна порака за силната поддршка од страна на Република Ирска за нашите евроинтеграции, со верување дека блокадата што поскоро ќе биде отстранета и Македонија заедно со Албанија ќе ги започнат преговорите.

Вицепремиерот Маричиќ на средбата ја истакна заложбата и посветеноста на дијалогот за надминување на отворените прашања со Бугарија, последните 6 месеци, повторувајќи ги позициите на Владата дека нема преговарање за македонскиот јазик и идентитет, а секое решение и предлог дека мора да биде базиран на европските вредности и стандарди.

- Блокирањето на целиот процес на проширување ѝ штети е против интересите на Европската Унија, но и на регионот. Овој Самит е во исклучително важен моментум за Западен Балкан и за ЕУ, не само поради политичкиот, безбедносен и економски неред во светот, туку и поради зачувување на кредибилноста на ЕУ и веродостојноста на политиката на проширување, рече Маричиќ на средбата.

Соговорниците на состанокот разговараа и за планираните активности во рамки на посетата на нашата земја од страна на Томас Бирн, заедно со министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, во рамки на нивната балканската турнеја, на почетокот на месец јули, на која вицепремиерот Маричиќ ќе биде домаќин.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер