Манолева: Доп. заменик министерка за финансии е причина за блокирањето на 1.117 лица во ЈЗ

Манолева: Доп. заменик министерка за финансии е причина за блокирањето на 1.117 лица во јавното здравство.

Заменик министерката за здравство во техничката влада, Маја Манолева обвинува дека дополнителната заменик министерка за финансии го блокира вработувањето на 1.117 лица во Јавното здравство.

Ал-Хелаифи: Суперлигата не постои и никогаш не постоела, ја има само во главите на заблудените

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи искажа остри критики за Суперлигата.

- Не постои. Всушност, никогаш не постоела, освен можеби во главите на неколку заведени луѓе. А сега, со новиот формат на трите турнири на УЕФА за мажи и ажурираното Светско клупско првенство на ФИФА, тоа е уште поневозможно. Никој нема да го поддржи ова: ниту навивачите, ниту играчите, ниту медиумите, ниту владите, ниту клубовите. Знаете дека само два клуба навиваат за Суперлигата. Се надевам дека еден ден ќе ја сфатат својата грешка и ќе се вратат во европското семејство, изјави Ал-Хелаифи.

Деновиве медиумите во Шпанија пишуваа дека проектот Суперлига е жив и дека претседателите Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Хоан Лапорта (Барселона) и натаму остануваат на ставот дека тоа е голем и одличен проект. Се шпекулира дека повеќе од 60 клубови се заинтересирани за учество во натпреварувањето што нема да биде во организација на УЕФА. /МИА

Нехамер ја предлага Австрија за домаќин за мировни преговори за Украина

Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја предложи Австрија за место за одржување на мировни преговори за Украина за време на денешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз.

„Австрија е подготвена како неутрална земја да биде домаќин на мировни преговори во секое време“, напиша Нехамер на платформата „Икс“. Зеленски му се заблагодарил за поддршката и повикал Австрија да ја потпише заедничката изјава на Г7 за долгорочна поддршка на Украина.

Зеленски, на социјалната мрежа Икс нагласи дека е неопходно да се изврши притисок врз Русија за постигнување траен и праведен мир./МИА

Ретклиф: Манчестер стана просечен, клубот не е на елитното ниво

Џим Ретклиф проговори за уназадувањето на Манчестер јунајтед во последните години.

- Клубот долго време е во криза, околу десет години. Манчестер јунајтед стана просечен. Не е на елитно ниво, иако треба да биде еден од најдобрите клубови во светот. Така беше под водство на Алекс Фергусон. За да постигнеме елитен статус, мораме да направиме големи промени. Веќе почнаа огромни промени во овој клуб, изјави косопственикот на Манчестер јунајтед во интервју за „United We Stand“./МИА

притисни ентер