Манасиевски: „Блескаме“, буџетот е полн, дојдоа инвестиции на Фејсбук и Гугл, 600 илјади иселени одамна се вратија

На овој голем ден и денешен празник за владата на Заев, дојдовме да кажеме дека навистина „блескаме“.

„Блескаме“ со тоа што буџетот е полн, секој граѓанин ќе добие по 500 евра минимум од државата, а ако Вице пушти срце, можеби и повеќе.

Блеска и жицата на Зоран на која во Грција свират песни во кои ја слават неговата мудрост и непопусливост, а во Бугарија ги слават блескавите подароци. Блескаво го славиме и влезот во ЕУ, само датумот ни фали, а откако ќе се дознае, спремни сме за ново селфи. Човекот име смени, евро да земи.

Оваа година е посебно блескава - народот ги зема ваучерите за инвертер клими, здравството е бесплатно за сите особено во новиот клинички центар, а посебни честитки доаѓаат за инвестициите на Фејсбук и Гугл, за кои мораме дури и да увезуваме работници бидејќи не остана невработено лице во Македонија.

Секој ден го славиме животот за сите, а кога ќе заборавиме на тоа тука се прес-конференциите да не потсетат како добро се живее тука. Нема сомнежи за криминален профит со тендери дури и во време на пандемија, трас-трас судството блеска според насоките на големиот лидер, а како што гледаме и 600-те илјади иселени се вратија дома бидејќи живот како во Македонија нема на друго место.

Блескави се магичните трикови на Зоран Заев и неговите врвни економисти, кои успеваат за само две недели ликвидниот буџет да го претворат во една огромна црна дупка. Нивното визионерство се уште не е препознаено од никого во светот, па другите влади погрешно даваат огромна помош на своите граѓани во овие моменти. Но, ќе дојде еден ден кога сите ќе клекнат пред блескавиот Заев и ќе му се поклонат, како што таков голем лидер заслужува.  Но за среќа секогаш Заев е во чекор за Луј Витон декор.

Дури и ако случајно банкротираме, и банкротот ќе биде прекрасен, блескав и ќе биде пример за тоа како треба да банкротира една земја. Светол пример и вистинска лекција по економија која ја одржува лично Зоран Заев.

Знаеме дека големиот лидер седи во оваа зграда зад мене, не гледа и бдее, размислувајќи колку сме неблагодарни што го имаме, несвесни за неговото грандиозно дело и блескав лик. На таков човек можеме само да му се заблагодариме затоа што несебично се вложи себеси за нашиот напредок, оставајќи по едно од секои две евра државни пари, за да има и народот што да јаде. Неговата комедија станува наша државна трагедија.

На денот на шегата и лагата, денот на Заев, тука сме пред оваа зграда за да кажеме сега и никогаш повеќе. Среќен 1 април.  Не ти благодариме, но паметиме.

Валентин Манасиевски - ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер