Малите хидроелектрани имаат голем бенефит за животната средина и за растот на економијата

Малите хидроелектрани имаат голем бенефит не само за животната средина, туку и за растот на целокупната економија. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

„Кралска тага“- Кралицата Елизабета снимена прв пат по погребот на принцот Филип

Два дена по погребот на принцот Филип, кралицата Елизабета е снимена како вози сама низ градините на Фрогмор, нејзиното омилено место што редовно го посетува кога е во замокот Виндзор.

Кралицата често го поминува своето слободно време кога е во Виндзор и ги носи таму своите кучиња на прошетка. Патем, од куќата Фрогмор каде што моментално се наоѓа, е оддалечено само неколку минути.

Извори од палатата за „Сан“ велат дека кралицата наоѓа мир во градините Фрогмор по смртта на нејзиниот сопруг.

Фотографиите на кралицата во автомобилот трогнаа многу Британци, а „Сан“ ги објави под наслов „кралска тага“.

Инаку, кралицата е во капелата Св. Џорџ седеше сама за време на погребот, поради епидемиолошките мерки. Британскиот водител Пирс Морган објави фотографија од кралицата на клупата и напиша: „Има ли потажна фотографија од оваа?“

Играчите на Лидс со специјални маици го дочекаа Ливерпул, откако премина во Суперлигата

Пред натпреварот помеѓу Лидс Јунајтед и Ливерпул во рамките на 32. коло од Премиершипот, играчите на домашниот тим истрчаа во специјални маици.

Фудбалерите на Лидс ги искажаа своите ставови за новоформираната Европска Супер лига во која вечерва ќе учествува нивниот ривал на Еланд Роуд.

"Лига на шампиони: Заработете пари. Фудбалот е за навивачите".

Да потсетиме, Реал, Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем објавија дека постигнале договор за создавање на ново натпреварување.

Бојко Борисов е итно опериран- го скинал менискусот на фудбал

Бугарскиот премиерот Бојко Борисов вечерва бил примен во болницата во Пирогов  пренесуваат бугарските медиуми.

Борисов се здобил со повреда на менискусот при играње фудбал.

Во Пирогов бугарскиот премиер во оставка бил подложен на магнетна резонанца и е опериран во друга болница. За претходните спортски повреди на Борисов тој бил оперирани во Софијамед од водечкиот специјалист, Антони Георгиев.

притисни ентер