Макрон остро го осуди денешниот напад во градот, што го опиша како „исламистички терористички напад“. Во тој напад, да потсетиме, напаѓачот со нож уби три лица во близина на црквата.
„Франција е нападната од исламистите, но нема да се откаже од своите вредности“, рече Макрон.
Тој најави дека ќе ги заостри безбедносните мерки околу училиштата, додавајќи дека повеќе од двојно ќе го зголеми бројот на војници што ја штитат земјата од терористички напади, додавајќи дека војската конкретно ќе ги штити верските објекти. .
„Ако нè нападнат, тоа е заради нашите вредности, вредностите на слободата и нашата намера да не попуштиме пред теророт“, рече Макрон.
„Сакам да ја изразам поддршката на Франција за католичката заедница“, додаде Макрон, алудирајќи на ситуацијата дека денешните напади се случија во близина на цркви.
Следуваа низа напади, додека Франција сè уште се опоравува од ужасниот атентат врз професорот во средно училиште Самуел Пети, кој беше обезглавен од 18-годишен муслиман од чеченско потекло, откако професорот им покажа карикатури на пророкот Мухамед на учениците.
Сè уште не е познато дали денешните напади биле поврзани со објавувањето на тие карикатури, кои муслиманите ги сметаат за сакрилегија.