Mакрон: НАТО мора да знае кои му се непријателите

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска рече дека НАТО мора јасно да ги постави своите стратешки приоритети и да знае кои се неговите непријатели, скоро една година по неговата изјава дека Алијансата е во состојба на „кома“.

„Треба да знаеме кои и каде се нашите непријатели“, рече Макрон на прес-конференција. НАТО мора да донесе стратегија за Русија , а Кина не треба да биде приоритет, додаде тој.

На НАТО му треба стратегија кон Русија која треба да биде „дури и непопустлива, во случај Русија да организира упади, сајбер напади или заплашувања, но треба да се земе предвид географијата на Европа“, рече Макрон.

Самитот на НАТО ќе се одржи во Брисел следната недела.

Ројтерс на крајот на март објави дека планот од 20 милијарди американски долари за да го направи НАТО поотпорен во справување со предизвиците како што се зголемувањето на Кина и климатските промени наиде на силен отпор од Франција, кои изразиле загриженост дека може да ги загрози сопствените воени приоритети.

Мајка од Венецуела си ја пиела урината за да ги дои децата, а потоа починала (ВИДЕО)

Марили Шакон од Венецуела го жртвувала својот живот за да ги спаси животите на нејзиниот шестгодишен син и двегодишната ќерка по бродоломот во Атлантскиот Океан.

Според Дејли Мејл, децата биле пронајдени живи на сплав четири дена откако со родителите тргнале на островот Ла Тортуга. Со нив била и дадилка која исто така преживеала.

Исчезнале таткото на децата и уште четири лица кои биле на бродот. Дадилката се вовлекла во бродскиот шкаф за да избегне изгореници.

Според Daily Mail, мајката ја пиела сопствената урина за да може да ги дои децата и да ги спаси од дехидрација. Таа починала три до четири часа пред спасувачите да го пронајдат сплавот на кој била со децата и дадилката. Таа починала од откажување на органите предизвикано од дехидрација.

"Отидоа на патување со брод, сакаа да ги израдуваат децата. Ова е голема трагедија", рекол Хумберто Чакон, таткото на починатата мајка. Продолжува потрагата по исчезнатите.


Талибанците го укинаа Министерството за жени и воведоа полиција за чување на моралот

Талибанското Министерство за образование им наредило на момчињата од средно училиште да се вратат на училиште, но воопшто не ги споменуваат девојчињата, а Министерството за жени е укинато, пренесуваат авганистанските медиуми.

Работниците во главниот град на Авганистан, Кабул, денеска го сменија натписот на Министерството за жени со натпис на талибанска полиција за морал, а поранешните вработени во Министерството велат дека веќе немаат пристап до зградата.

Новата плоча е напишана на мешавина од арапски и дари, и гласи „Министерство за молитва и упатство и промоција на доблеста и спречување на пороците“, објавува Ројтерс.

Поранешните вработени во министерството изјавиле дека неколку недели се обидувале да се вратат на работа, но им било кажано да останат дома, покажува снимката направена пред институцијата.

Влезот во зградата вчера е заклучен, рекла една од жените.

„Јас сум единствена што заработува во семејството“, изјавила друга вработена.

„Сега, кога нема министерство, што да правам јас како Авганистанка?“

Талибанците, кои ја преземаа власта минатиот месец по повлекувањето на американските сили, претходно владееја со земјата од 1996 до 2001 година. Во тоа време на девојчињата не им беше дозволено да одат на училиште, а на жените не им беше дозволено да работат и да се образуваат.

Во тој период, долгогодишното министерство чија плоча беше поставена во петокот стана познато како талибанска морална полиција. Таа го спроведе своето толкување на шеријатскиот закон, кое вклучува строги правила за облекување, јавни егзекуции и камшикување, пренесува Ројтерс.

Талибанците најавија привремена влада на 7 септември, но без да го споменуваат Министерството за жени.

Исламистичката група не потврдила дека се откажала од институцијата, а еден талибански лидер претходно оваа недела рече дека на жените ќе им биде дозволено да работат во владини министерства заедно со мажите.

Талибанското Министерство за образование објави дека од сабота сите машки средношколци мора да го продолжат своето образование.

Наредбата се однесува на учениците и наставниците од шесто одделение натаму. Ниските одделенија веќе се вратија во клупите.

Во соопштението не се споменуваат студентките и кога треба да го продолжат своето образование, ако некогаш им биде дозволено, пишува агенцијата Dpa.

Талибанското министерство за високо образование претходно објавило дека и мажите и жените ќе можат да ги продолжат студиите, но одделно, а жените ќе мора целосно да бидат покриени.

Во изминатите 20 години, за време на американското присуство во Авганистан, студентите од двата пола учеа заедно и немаше кодекс на облекување, што се промени со доаѓањето на талибанците на власт.


Сакал да натепа дете на улица, не знаел дека нападнал светски шампион и лошо поминал (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од насилство, кое завршило неочекувано. Непознат насилник сакал да претепа момче кое седело на клупа со пријателите.

Се покажало дека е светскиот јуниорски шампион во бразилско џиу-џицу Алекс Вилијамс (16). Видеото го објави поранешниот шампион во Cage Warriors, Алекс Енлунд, кој денес му е тренер на Вилијамс.

"Возрасен маж се обидува да нападне 16-годишник кој е повеќекратен светски шампион во Џеј- еј. Алекс покажува смиреност, воздржаност и храброст во оваа ситуација. Запишете ги децата во училиште за боречки вештини. Малку е веројатно дека ќе стане насилник поради смиреноста што се учи на душеците. “, напишал Енлунд во објавата.


притисни ентер