Макрон му посака брзо оздравување на Џонсон

Францускиот премиер Емануел Макрон му посака прзо оздравување на британскиот премиер Борис Џонсон.

Џонсон вечерва е префрлен на одделот за интензивна нега во болницата во Лондон откако состојбата му се влошила заради заразата од коронавирусот.

„Ја упатува целата моја поддршка до Борис Џонсон, неговото семејство и британскиот народ во овие тешки моменти. Му посакувам брзо да го помине овој предизвик“, порача Макрон на Твитер.

Џонсон кој е заразен од коронавиурс, вечерва е префрлен на одделот за интензивна нега откако симптомите на болеста се влошиле, соопшти Даунинг Стрит.

притисни ентер