Макрон и Бајден се слушнале по дипломатската криза, си ветиле враќање на довербата

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот американски колега,Џо Бајден денеска во телефонски разговор си ветиле дека ќе ја вратат довербата меѓу Франција и САД по кризата со австралиските подморници.

Кризата со подморниците можела да се избегне со претходни „отворени консултации“, според Елисејската палата и Белата куќа.

"Отворените консултации меѓу сојузниците за прашања од стратешки интерес за Франција и европските партнери ќе овозможат да се избегне оваа ситуација. Претседателот Бајден ја изрази својата посветеност кон ова прашање", се вели во соопштението.

Двајцата претседатели „ќе се сретнат во Европа кон крајот на октомври“ и одлучиле да започнат процес на консултации за „создавање услови што гарантираат доверба и предлагаат конкретни мерки за постигнување заеднички цели“.

Во атмосфера на смиреност, францускиот амбасадор во Соединетите држави Филип Етиен ќе се врати во Вашингтон „следната недела“, одлучил Емануел Макрон.

Париз во петокот објави повлекување на амбасадорите од САД и Австралија, одлука без преседан на двајцата историски сојузници, по распадот на мега-договорот за француски подморници со Канбера.

Џо Бајден ја потврди „потребата европската одбрана да биде посилна и поефикасна“ за да придонесе за трансатлантската безбедност и да ја надополни улогата на НАТО“.

Соединетите држави „потврдуваат дека ангажманот на Франција и Европската унија во индо-пацифичкиот регион е од стратешка важност“, се додава во соопштението објавено шест дена по најлошата дипломатска криза меѓу Соединетите држави и Франција од војната на Франција во Ирак во 2003 година.

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

притисни ентер