Макрон: Франција ќе направи се за да се избегне ескалација на конфликтот Израел - Иран

Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран.

Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој го повика Израел да се воздржи од каков било одговор.

„Загрижени сме поради можна ескалација“, изјави Макрон за француски медиуми.

Иран истрела стотици беспилотни летала и балистички проектили врз Израел во текот на ноќта во саботата како одговор на наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април.

„Ќе направиме се што можеме за да избегнеме ситуација што ќе се разгори, ќе ескалира“, рече Макрон, повикувајќи го Израел да се обиде да го изолира Иран наместо да ја ескалира ситуацијата.

Љутков од Крушево: Нашата држава секогаш ќе го негува споменот на Тоше

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си ти“ се одбележува 44. роденден на Тоше.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си ти“ се одбележува 44. роденден на Тоше, на човекот кој со својата музика, љубов, добрина и хуманост го освои срцето на целиот Балкан.

„Денес, на 25 јануари, се сеќаваме на Тоше Проески, кој иако физички не е повеќе со нас, неговиот дух продолжува да живее во песните, спомените и љубовта што тој ги остави зад себе. Затоа во чест и слава на Тоше, токму на овој ден сум во неговото родно Крушево, го посетив семејството и положив свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, а ја посетив и Спомен куќата подигната во негова чест“, рече министерот Љутков.

Љутков истакна дека „Нашата држава секогаш ќе ја негува почитта кон Тоше, што се потврдува и со фактот дека Владата, од Буџетот издвои средства и за поддршка на иницијативата на Македонската радио-телевизија да снима игран филм, документарен филм и ТВ-серија во неколку продолженија за животот, делото и мисијата на нашата најголема музичка поп-ѕвезда“.

Според Љутков споменот на Тоше, кој ги обединуваше луѓето со својата музика продолжува да инспирира нови генерации, и преку неговите песни, засекогаш живее во нашите срца.

Македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.

Се одбележуваат 44 години од раѓањето на Тоше Проески

Со повеќе настани во Mакедонија денеска се одбележуваат 44 години од раѓањето на нашата трагично загината музичка икона Тоше Проески.

На оваа тема од пред Домот на АРМ каде се одржува крводарителска акција токму во чест на Тоше ја вклучуваме нашата колешка Елизабета Дамјаноска Спасеновска.

Какви се настани се организираа денес?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Барселона и Педри се договорија за нов договор

Барселона се договорила за нов договор со еден од своите најголеми таленти Педри, пренесуваат шпанските медиуми, како и експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Веќе постои вербален договор меѓу Каталонците и 22-годишниот играч од средниот ред за продолжување на договорот до јуни 2030 година. Актуелниот договор на Педри истекува следното лето.

Конечните официјални детали ќе бидат договорени со агентите на играчот наскоро, бидејќи се уште не е одреден официјален датум за потпишување. Но, самиот Педри веќе се согласил на новиот договор.

Барселона на тој начин продолжува да врзува некои од своите перспективни играчи на долг рок, откако во последните два дена клубот ги продолжи договорите со Роналд Араухо и Жерар Мартин.

Се очекува наскоро со клубот повторно да потпише и големиот талент на Каталонците Ламине Јамал.

притисни ентер