Македонско-грчки форум: „Што им треба на младите за добрососедска соработка?"

Целта на собирот, како што најавија организаторите, е „развивање на мрежа насочена кон промоција и подигање на свеста за важноста на македонско-грчката соработка".

Во организација на Младинскиот сојуз – Крушево од денеска до недела ќе се одржи форум на тема „Што им треба на младите за добрососедска соработка?" со учество на повеќе од 50 претставници на академската заедница, граѓанскиот сектор и јавните институции од Македонија и Грција.

Целта на собирот, како што најавија организаторите, е „развивање на мрежа насочена кон промоција и подигање на свеста за важноста на македонско-грчката соработка".

На отворањето на форумот најавено е обраќање и на амбасадорите на Германија и Грција во земјава, Анке Холштајн и Русос Кундурос и директорот на Фондацијата „Фридрих Еберт" за Македонија, Рене Шле.

Учесниците ќе креираат неформална мрежа за соработка која ќе го поддржи и забрза дијалогот, помирувањето, толеранцијата и отвореноста за соработка меѓу младите од двете земји.

Форумот е дел од втората фаза на спроведување на иницијативата за основање на канцеларии за младинска соработка помеѓу Македонија и Грција предводена од Младинскиот сојуз во соработка со грчките организации Асоцијација на активна младина и СЕЕ во Акција. Иницијативата е поддржана од амбасадите на Германија и САД, а за речиси две години се постигнаа и конкретни резултати: отворени се првите три младински инфо-центри во Лерин, Атина и Валандово, а над 1500 млади луѓе се вклучени во различни програми за размена на знаења и искуства.

– Важноста за младинската вклученост во релевантните регионални процеси беше поттик за развивање на ваква инцијатива, како институционален механизам кој ќе ги зближи младите од Македонија и Грција и ќе им овозможи развивање на билатерална соработка. Истата се базира на пренесување на добрите практики од процесите на помирување во западноевропските земји, првенствено меѓу Германија и Франција, односно Германија и Полска, како и мултилатералните искуства на младинската соработка од земјите од Балтикот и Регионалната канцеларија за младинска соработка во земјите на Западниот Балкан, наведуваат организаторите.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер